Исправете ја косата без пегла

16 јули 2015

Многу девојки посакуваат рамна коса, па за да постигнат таков резултат, најчесто се користат со преси за пеглање на косата. Тоа пак, ја оштетува косата, ја прави слаба и кршлива.

Токму затоа, во продолжени прочитајте како можете да го постигнете истиот ефект, но со намирници кои веруваме секој ги има во својот дом.

Вотка


Моделот Ева Херцигова одамна откри дека го користи овој пијалок за да ја осветли косата, но вотката е подеднакво добра и за исправање на косата. Се' што треба е во регенераторот да ставите малку вотка и смесата да ја нанесете на косата. Ниската Ph вредност ќе ги исправи кутикулите и ќе добиете ефект на „пеглана коса". Но, не претерувајте. Премногу честата употреба на вотката, може да ја исуши косата.

Кокосово масло
Ова масло е најадекватното за благо витката коса. Доволно ќе биде да го нанесете на влажна коса. Потоа расчешлајте ја косата и исушете ја.

Целер
Во блендер помешајте еден целер и додајте малку вода. Добиената мешавина ставете ја во шишенце со распрскувач, нанесете на косата и оставете да дејствува 15 до 20 минути. После тоа измијте ја косата со шампон.

Банани и папаја
Со помош на бананите и папајата не само што ќе ја исправите косата, туку ќе ја потхраните и ќе го спречите виткањето. Најдобро е да помешате една зрела банана, папаја и две лажици мед и ставете ја на коса. Откако косата сосема ќе се исуши, измијте ја и исушете ја.

 

Објавено:
16 јули 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.266 пати