Историјата за бронзено-чоколадениот тен

19 јули 2013

Темниот тен е синоним за здравје, енергичност и спортски дух. Создавањето на оваа „тенденција“, мода е поврзана со Коко Шанел, која прва почна да се појавува на плажа без чадор, наметка, чорапи до колена и огромни шапки. Исончаниот тен официјално го лансираше Коко Шанел во 1923 година. Штотуку вратена од одмор во Париз, направи сите да го забележат нејзиниот златен сјај на кожата, кој го постигнала сончајќи се на француската ривиера. Тоа беше преодниот момент кога се сруши империјата на снежно белата кожа која беше опеана и фалена од поетите кои припаѓаат на тенденцијата Dolce Stil Nuovo. Солариумот прв пат бил искористен кај старите Римјани, но тогаш постоеле други верувања, а тоа е дека ако имаш темен тен ти припаѓаш на работничката класа.

 

За мајското издание на Вог, Италија 1972 година, сликано од страна на Оливеиро Тоскани

 

Најверојатно, Коко пред да се реши на овој чекор слушнала за хедонистичката практика која широко била рапространета во Германија кон крајот на ‘800, а стана моден тренд по 1918 година при крајот на Првата светска војна, кога луѓето всушност решија да се посветат на себе и да остварат контакт со природата.  Така се роди нудизмот, што ја означува културата на слободното тело, промовирана во САД од страна на Курт Бартел.

 

За јунското издание на Вог Италија 1972 година, слика на Ричард Аведон

 

Во 1931 година, од Сан Франциско тргна возот „Suntan Special“, кој се упати директно кон калифорниските плажи, земја која има изградено посебен култ кон Сонцето, плажите сончањето и уживањето. Во меѓувреме во 1936 година Чезаре Меано напиша во речникот на модни коментари дека глаголот „сончање“, одговара со на именката спорт и дека исончано тело е синоним на убавина, здравје и мода, констатација која е во согласност со законите на фашизмот. Темниот тен во 1930 години мораше да биде компактен и умерен, затоа солариумите кои беа направени во 1910 година пред сè за медицински цели почнаа да добиваат естетска функција.

 

Слика на Дејвид Бејли за мајското издание на Вог 1976 година

 

Првото масло за потемнување е лансирано во и не така далечната 1927 година од познатиот стилист во тоа време Пату, кој го насловил како Chaldee, а речиси во исто време Ambre Solaire и Max Factor ги промовираа своите козметички препарати и производи за добивање и одржување на мега популарниот темен тен. Полека, полека темниот тен го добива епитетот на богатство и патување, задоволство кое морате да си го дозволите барем еднаш во годината, и знаете како да го задржите на себе што е можно подолго. За оние со светла и бледа кожа или таканаречените снобови , заради очигледниот недостаток на тен, во 1950 години се измислила специјална пудра во темно-кафена нијанса, која била комбинирана со сребрени сенки и кармини во светло портокалова боја, како припадниците на сината крв би можеле да уживаат во новата тенденција. Во 1970-тите темниот тен го достигнува својот врв. Кулминацијата отиде дотаму што стана вистинска манија за сите. Исончаната кожа станува закон, кој и самата медицина го препорачува, а модата го фаворизира. Плажите беа полни со жешки тела кратки панталони, деколтеа, прерамки облека која не покрива туку служи како декор, бидејќи целта е да се исонча што поголем дел од телото. Доаѓа до промена на естетската свест, која е во корист на спортскиот начин на живот, посветен на слободата, природата, воздухот и сонцето.

 

Фотографија на Елен фон Унверт за мајското издание на Италијански Вог 1991 година , со Наоми Кемпбел како главен модел

 

Во 1990 години, трендот го менува курсот, долготрајното изложување на сонце и солариум е штетно за здравјето, тоа ја старее кожата и предизвикува болести на истата. Со помош на факти и научни истражувања, се евидентирало дека во последниве години сончањето и изложувањето на сонце е сериозна работа која може да предизвика разни болести како танорексија (зависност од темен тен). Па поради ова и други мотиви се измислија козметички производи кои можат да помогнат да ја задоволите вашата желба за совршен тен, но и тие не се адекватно решение, затоа што со нивно нанесување ги затнуваат порите и кожата не може слободно да дише. Како главен виновник се смета Сонцето и штетните сончеви зраци кои од година во година имаат се повисок UV индекс на зрачење кој е мошне штетен. И покрај овие алармантни констатации и наведувања од страна на експертите сепак синдромот на „Californian Girl“, продолжува иако во некои земји се воведоа и закони дека девојките под 18 години не смеат да користат солариуми, но и тоа не е вистинско решение.

 

Јулско издание на италијански Вог 1991 година, слика на Патрик Демаркелиер

 

Како и да е бидете внимателни кога е Сонцето во прашање, бронзениот тен е секогаш ин и модерен, но имајте на ум дека ништо не е повжно од вашето здравје. Не дозволувајте еднократното задоволство да ве чини многу повеќе отколку што сте претпоставувале!

 

Фотографија на Мајлс Алдриџ за априлското издание на италијански Вог 1999 година

 

 

 

 

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Убавина