Историски преглед на фризурите од 20-тите до 60-тите

26 август 2014

1928 1928

Дали сте знеле дека првиот фен за коса е направен во 1928 година, се дотогаш жените ги сушеле косите ни помалку ни повеќе, со правосмукалка. Кога станува збор за еволуцијата на фризурите во периодот од 20-тите до 60-тите, за најбогат период се сметаат 50-тите и 60-тите, а поголем број од тогашните тренди тризури, всушност претставуваат корени на сегашните. Но, да почнеме со ред. Првата „боб“ фризура  е стилизирана во далечната 1923 година, тогаш актерките биле тие што ги носеле, за подоцна да станат актуелни кај пошироката маса. Во тој период голем број жени се откажале од долгите коси, а фризурата ја носеле во „боб“ форма со кратки шишки.

Lya De Putti 1923 Lya De Putti 1923

Сега актуелните таканаречени „бранови“ прв пат биле направени во 1925 година, а меѓу првите што носеле ваква фризура била и актерката Мери Пикфорд, која преферирала нежен и романтичен женстевен исглед. 1925 година жените почнале во косата да ставаат и украси, додека  брановидните кадрици се задржуваат како актуелно стилизирање на косата и понатаму низ годините.

Mary Pickford 1925 Mary Pickford 1925

Julia Faye 1928 Julia Faye 1928

За разлика од 20-тите, од следната декада фризурите претрпуваат блага трансформација. Косата добива понежна и женствена форма од кадрици во гламурозна веријанта. Сепак, пуштената коса не била актуелна во тој период, се до 40-тите кога повторно актерките наметнуваат нови трендови за коса кои се поразлични од 30-тите, косата сега е пуштена и долга, мазно зачешлана на страна и крупно извиткана на врвовите.

Veronica Lake 1940 Veronica Lake 1940

Најважните моменти за фризурите доѓаат во 50-тите, тоа е така бидејќи токму во тој период се сосдаваат низа трендови за фризури. Кон завршувањето на војната жените се повеќе сакале да носат гламурозни фризури, а популарниот „боб“ сега бил фениран навнатре. Одри Хепберн, Греј Кели, Елизабет Тејлор, Софија Лорен ги  популаризирале и други форми како кратката волуменозна фризура високо крената односно тапирана, која станала актуелна кон средината на 50-тите.

1950 1950

Средина на 50-тите Средина на 50-тите

Тоа не е се од овој период. Тогаш за прв пат припадничките на понежниот пол почнале да ја зачешлуваат косата наназад и ставаат украсни летни, на плажа да ја вадат косата над качкетот и  да ја фенираат нанадвор.

1950 1950

1950 1950

Ништо помалку инспиративни се и 60-тите. На почетокот на оваа декада се носеле собрани и високо кренати фризури, потоа актуелна станува афро-фризурата и странично зачешланиот „боб“, но многу повеќе тапиран отколку во 20-тите и 50-тите.

60-тите 60-тите

1960 година 1960 година

 

Секако, во овој период почнува и хипи- движењето, а луѓето сакале да имаат долги и пуштени коси без никакви препарати на нив, туку само украсени со малку цевќе.

 

 

Објавено:
26 август 2014
Категорија: 
Убавина