Изгоревте на сонце? Не правете го ова!

19 јули 2019

На секој од нас му се случило макар еднаш во животот да ужива малку повеќе на сонце, па уживањето да премине во неудобно и болно чувство на изгореност. 

Во тие ситуации се користиме најчесто со совети од нашите мајки и баби, најчесто со народни лекови кои ќе ни помогнат побрзо да се смири изгорената кожа - кисело млеко, течна бела пудра, гелови на база на алое вера...

Но, во продолжение ви презентираме уште неколку совети околу тоа што НЕ треба да правите кога ќе изгорите на сонце, а на кои можеби никогаш не би се сетиле или ви изгледаат како неважни!

 

Користите паметни телефони или таблет

Многу од луѓето ги носат нивните паметни телефони или таблет на плажа, за да можат да читаат некоја добра книга, на пример. Но, можеби и не е добро да го правите тоа. Студија од 2015 година објавена во „Journal of the American Academy of Dermatology“ покажа дека рефлексијата од ај-пад апаратите го зголемува УВ зрачењето и до 85 проценти во само еден час, додека ајфоните можат да го зголемат зрачењето до 36 проценти. Ако веќе сте изгореле, ова е последно што ви треба!

Се туширате со топла вода

Кога сте биле подолго време изложени на сонце, кожата често се суши. Дури и ако ви изгледа дека топлаа вода може да биде добра за вашата исушена кожа, со неа само ќе си направите проблем, односно ќе го пролонгирате закрепнувањето на кожата. Врел туш на врела кожа никако не оди. Од друга страна, ладната вода можеби ќе ви биде непријатна при туширањето , но кога сте изгорени од сонцето, ќе ви помогне да се чувствувате многу подобро. 

Пак на сонце

Без разлика на тоа колку ставате крема за сончање со заштитен фактор, најлошата работа што можете да ја направите за вашата кожа откако ќе изгорите е да се вратите повторно на сонце. Ако пак, морате да бидете надвор, тогаш ставете заштитен фактор 30+, носете облека со долги ракави и повисоки околувратници и бидете сигурни дека сте ги покриле деловите што се изгорени. Седете под сенка и не појавувајте се без шапка. 

Парфеми

Сочувајте ги парфемите, доколку сте изгореле на сонце. Колонските води и парфемите содржат состојки кои ве прават поподложни на горење. Маслата од бергамот можат да предизвикаат многу лоша реакција на кожата особено во комбинација со сонцето. Есенцијалните масла пак, како она од рузмарин или лаванда, можат да ја направат кожата уште почувствителна на сончеви зраци.

Шминка

Ако сте биле на мисла да одите на плажа со шминка, а претходно сте изгореле, размислете повторно. Шминката може да ја „запуши“ кожата, што може да доведе до болна реакција, а не заштита. Единствениот начин на кој можете да ѝ помогнете на кожата е да ја оставите да дише. Нечистите сунѓерчиња и четки само ќе ја зголемат алергиската реакција или можат да предизвикаат инфекција. 

Не ставате заштитен фактор

Тоа што ќе ставите заштитен фактор еднаш и потоа мислите дека нема веќе потреба, може многу повеќе да ја оштети кожата отколку да не ставите воопшто, вели студија од 2006 година од „University of California Riverside“. Заштитните креми вршат одлична работа против зрачењето и горењето на сонце, но доколку се користат правилно. Ова значи дека крема со висок фактор на заштита не ја аплицирате доволно добро, туку само површно, значи дека сонцето, односно УВ зрачењето ќе продре во епидермисот на кожата и потенцијално може да направи повеќе штета отколку корист. 

Премногу ставате заштитен фактор

Не помага ако одите и во друга крајност. Ако имате меурчиња како последица на изгореници, тогаш заштитната крема не е добра идеја, бидејќи треба да се остават да дишат, во спротивно кожата ќе се изиритира.

Објавено:
19 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
713 пати
Извор: 
bestlifeonline.com