Јапонска метода за намалување струк - со крпа и лежење

19 август 2020

Веруваме дека насловот им звучи примамливо на сите што не се многу по вежбањето, а сепак би сакале да ги дотераат пропорциите на телото.

Иако звучи премногу едноставно и лесно, сепак Јапонците во фокус го ставаат истегнувањето на телото и правилната положба.

Оваа хит метода ја открил јапонскиот доктор Тошики Фукутсуџи, а се работи за едноставна вежба која вклучува лежење на грб со свиткан пешкир поставен директно под струкот. Тој вели дека оваа едноставна вежба е одлична за рефлексологија и масажа, како и дека ги јакне мускулите на грбот, го поправа лошото држење на грбот, ја намалува болката во грбот, а и го намалува обемот на струкот.

 

Како да ја изведете правилно?

Земете голем пешкир, на пример од оние за плажа и завиткајте го во ролна со дебелина од 7 до 10 сантиметри. Седнете на подлога и поставете ја крпата под грбот, а потоа испружете ги нозете.

Потоа преку пешкирот легнете на грб и внимавајте стапалата да ви бидат поставени во иста широчина на рамениците, притоа ножните палци да се допираат еден со друг. Рацете кренете ги над главата со дланки свртени кон подот и кои се допираат со малите прсти.

Во оваа положба останете пет минути. Велат дека резултатите ќе бидат видливи после месец дена.

 

Би се обиделе ли?

Објавено:
19 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.168 пати