Јули е месец на супер летни акции и подароци во Cosmo Tinex

1 јули 2017

Вашата летна козметичка кошничка наполнете ја со одличните производи на дрогериите Cosmo Tinex и тоа со супер цени од јулските летни акции.

Јули во Cosmo е месец на летни парфеми со големи попусти дури до 50%. Одберете ја вашата омилена мирисна нота и уживајте во свежината на летните мириси.

За два купени производи од козметичката линија Clinique добивате подарок чанта или несесер, а со намалени цени ќе може да си набавите и декоративна козметика од повеќе козметички брендови.

 

 

Негата на лице е основна за здрав и блескав изглед, па овој месец имате можност да си ги набавите производите од линијата за нега на лице од Нивеа со намалени цени.

Ако веќе се подготвувате за вашиот летен одмор и целодневно излежување на плажа, ние ви препорачуваме да си ги набавите изданијата на издавачката куќа „Антолог" со 18% попуст и книгите од „Три" со попуст од 13% - за комплетно уживање на плажа со омилената книга.

Во летната сезона основни сезонски производи се млекото и маслото за сончање, а помеѓу актуелните акции во Cosmo ќе добиете супер подарок торба или ранец за на плажа, со било кои три купени производи од линијата Black Up.

Објавено:
1 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.003 пати