Добредојдени совети

Како би сакале вашата кожа да изгледа? Со Lush до кожа од соништата!

17 септември 2020

...Одлуки, одлуки, одлуки...

Сапунот не е единствениот начин да го исчистите вашето тело!

LUSH има огромен избор на пилинзи, гелови за туширање, желеа за туширање, масла и путери за тело и секако сапуни

Во светот  на производи за нега на тело, многу компании се  фокусирани на пакувањето и маркетинг наместо на состојките. Lush се фокусираат на она што се наоѓа внатре во пакувањето. Сите нивни чистачи се рачно правени со најголема можна количина на свежи, ефикасни состојки кои се соодветни за потребите на вашата кожа.

 Во продолжение неколку совети од нив за тоа како да имате совршено чиста кожа:

1. ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ПОТРЕБИТЕ НА ВАШАТА КОЖА

Како би ја опишале кожата на некој друг? Заборавете на момент на стандарните поделби на кожата, како “комбинирана” или “тип на кожа Б”. Вашата кожа има посебни потреби кои се толку различни и уникатни како вас. Нашиот експерт  Erica Vega вели, “Важно е да дознаете  што  точно и е потребно на вашата кожа пред да изберете   одреден  производ. Ако имате масна кожа во Т-зоната а сува на други делови, тогаш е комбинирана, но она што навистина и е  потребно на кожата  е  балансирање. Во таков случај, потребен ви е чистач со балансирачки состојки како лаванда или мед кои ќе се погрижат  вашата кожа да биде во најдобра состојба”.

2. ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ВАШАТА КОЖА ПОСЛЕ ТУШИРАЊЕ

Значи, користите средство за чистење со пена затоа што ја задоволува вашата потреба за миење, но како се чувствува вашата кожа потоа? Пријатно или премногу затегнато? Овој  јо-јоефект е индикатор дека вашиот чистач не функциониранајдобро за вашиот тип на кожа. Вашиот чистач не треба да предизвикува никакви иритации или проблеми на кожата, и во зависност од реакциите на самата кожа може да изберете нешто што е многу подобро и посоодветно на вашите потреби.

3. ОДЛУЧЕТЕ КАКО САКАТЕ ВАШАТА КОЖА ДА СЕ ЧУВСТВУВА

Ова е најважниот чекор! Ако барате пилинг, одберете производ кој што содржи природни ексфолијанти како мелени бадеми, морска сол, палента или ситен и нежен песок.
Имате сува кожа? Без грижа! Нашиот крем за туширање OATY  CREAMY DREAMY кој е божествена мешавина од разладувачко овесно млеко и смирувачка лаванда кој ќе и ја даде потребната хидратација на кожата.

За длабинско чистење на кожата и максимално освежување одберете некој од следните гелови за туширање:

Nana

NANA

Гел за туширање  со декокција од банана и овескојделува смирувачки и омекнувачки, хидрирајќи со секој потег. Маслото од пченични никулци е богато со протеини, омега 9 и витамин Б и помага за заштита и смирување на кожата.

SLEEPY

После долг и напорен ден, релаксирајте се со овој омекнувачки гел за туширање со овесно млеко и карагенан екстракт. Содржи и смирувачка лаванда и масло од иланг иланг кое ви помага полесно да заспиете  или посмирено да го започнете новиот  ден.

Sleepy

 

ALMOND BLOSSOM

Тројна доза на бадем: фер тргувано бадемово масло, бадемово млеко и есенцијално масло од бадем, како и сандалово дрво и слатка бензоин смола. Пена слободна од сулфати овозможува нежен омекнувачки слој кој е соодветен за да одговори на потребите на секоја кожа.

 Almond Blossom

За да ја разбудите вашата кожа и ум, тука се желеата за туширање. Ставете ги во фрижидер или замрзнувач  пред  туширање бидејќи ладното ќе предизвика циркулација-совршена за да ги опушти воспалените мускули  и да ја освежи кожата.

Доколку сте љубител на сапуни, имаме голем избор кој ќе ги задоволи сите  ваши потреби!

KARMA

Бор и бразилски портокал го бистрат умот, а лимоновата трева освежува и ја расчистува маглата на денот, оставајќи ве со добро расположение, додека пачули и цитрус ќе ве разбудат и ќе ве соединат со светот.

Karma

SEA VEGETABLE

Морската сол ексфолира и нежно ја полира кожата, а араме морските алги омекнуваат.Сапун со кој ќе ги почувствувате освежувачките бранови од зелен лимон и лимон за максимална свежина.

Sea Vegetable

SULTANA OF SOAP

Овој сапун е полн со суви кајсии, брусница и рибизли кои нежно измазнуваат, осветлуваат и ѝ даваат влажност на кожата додека маслата од олибан и бергамот смируваат и го разведруваат расположението.

Sultana of Soap

4. И ЗА КРАЈ, КАКО БИ САКАЛЕ ВАШАТА КОЖА ДА ИЗГЛЕДА И ДА СЕ ЧУВСТВУВА?

На крајот  на денот сите сакаат да бидат среќни со она што го гледаат во огледалото. Ние веруваме дека здравата кожа е убава кожа – но веројатно вие имате поконкретна  идеја за тоа што значи за вас. Блескава, свежа, избалансирана, мат, мека кожа… листата продолжува!


Тука нема погрешен одговор и ние секојдневно создаваме чистачи кои ќе ви помогнат да ја добиете кожата од соништата.

 

*комерцијален текст

Објавено:
17 септември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
339 пати