Како бојата на коса да ви трае подолго?

19 ноември 2020

Во време кога владее пандемија, ниту одењето на фризер, што некогаш била релаксација, па дури и навика, сега е не така едноставна активност, уште помалу честа.

Имајќи го ова на ум, пронајдовме неколку совети за тоа како можете да ја одржувате косата во домашни услови, особено ако ја боите и како бојата да ви трае подолго. 

Се надеваме дека ќе ви бидат корисни:

Камилицата не е најдобар пријател

Марио Фириоло, стилист за коса, им советува на дамите да избегнуваат производи на база на камилица. Ова особено се однесува на балзамите за осветлување на косата и шампоните. Причината е во тоа што тие создаваат портокалов сјај на косата и создаваат дополнителни проблеми, затоа што ги сушат влакната. Исто така, меѓу оние што не се добри пријатели на бојадисаната коса се и силните шампони кои создаваат многу пена, со што прават косата, посебно онаа во црвени тонови, побрзо да избледи. Ако сакате да ја одржите бојата подолго, миењето на косата сведете го на неделен мининум (два пати неделно) и кога го правите тоа, водата нека не биде врела, туку топла. Генерално, топлината која излегува и до феновите или другите апарати за стилизирање на косата, му штетат на влакното, па користете ги само кога тоа е неопходно.

 

Маски за коса задолжителни

Пред се' мислиме на маски конкретно наменети за нега на бојадисаната коса, односно маски против жолтиот сјај за блондинките и црвениот за бринетите. Секако, пред да купите некоја маска, информирајте се дали произведувачот на истата има позитивни критики, како и дали препаратот е делотворен. Целта е косата да изгледа убаво на долги патеки, а тоа се постигнува со правилна нега и сјај. Ако не сте сигурни што би ви одговарало, консултирајте се со вашиот фризер.

 

Направи сам

Доколку во моментов не сте во можност да посетите фризер, а немате соодветни производи дома, можете да ги направите дома. Емануела Матиузи, искусен познавач на природната козметика, ги дава следниве предлози: употреба на оцет, најдобро јаболков или од малини. После миењето на косата и измивањето на балсамот, темелно да се втрие оцетот и да се остави да отстои неколку минути. Потоа, косата се измива со студена вода, а доколку ви доаѓа многу судено, Емануела советува да се насмевнете, бидејќи сте направиле нешто фантастично за вашата безживотна коса, на која веќе нема да се познава лошиот блед отсјај.

 

Објавено:
19 ноември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
433 пати
Тагови: 
коса боја убавина