Како да дојдете до исончан тен на здрав начин?

11 јуни 2020

Изложувањето на кожата на сонце без зашита и соодветна нега е чекор што не сакате да го преземете, бидејќи нема да ви донесе апсолутно ништо добро. И иако можеби сте мислеле дека само солариумот или интензивното сончање ќе ви помогнат да го имате совршениот тен, сепак можно е и на здрав начин да го постигнете тоа.

Еве неколку совети во продолжение:

Додатоци во исхраната

Постојат многу додатоци кои можат да ви помогнат во постигнување на исончан тен по природен пат. Консумирањето овошје и зеленчук богати со бета-каротен се еден од начините, а притоа и без да изгорите. Тие ќе ја заштитат вашата кожа од оштетување со УВ зраци. Исто така, бета-каротенот е одличен антиоксиданс кој ќе му помогне на вашето тело да се бори против слободните радикали и ќе ја намали штетата предизвикана со УВ зраци.

Зголемете го внесот на бета каротен со вклучување на пиперка, морков, зелено овошје како кељ, спанаќ...

Време на сончање

Сонцето најсилно свети помеѓу 10 и 17 часот, па потрудете се да го избегнете овој период, односно немојте премногу да се сончате во овој временски период. Секако, и за време на сончањето и после тоа, не заборавајте да си нанесете заштитна крема.

Не заборавајте ја водата

Пиењето вода е клучно за одржување на здравјето, но и за долготрајноста на вашиот исончан тен. Кога сте изложени на директно сончево зрачење, многу е важно да го зголемите внесот на течности, односно вода, за да ја спречите дехидратацијата.

Избегнувајте солариум

Постојат различни информации и тврдења околу сончањето во солариум. Без разлика во што верувате, факт е дека не треба да претерувате. Постојат податоци дека преголемото изложување на солариум ја остарува кожата прерано, а го зголемува ризикот од рак на кожата.

Пауза

Паузата од сончање ќе го намали интензитетот на УВ зраците на кои кожата е изложена, а така ќе го намали ризикот од изгореници од сонце, па со самото тоа и кожата ќе биде поздрава и подолготрајна.

 

Објавено:
11 јуни 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.129 пати
Тагови: 
сончање тен