Како да ги спречите стриите во текот на бременоста?

3 мај 2016

Стриите се појавуваат како резултат на нагло дебелеење и растегнување на кожата што не може да се спречи, особено во текот на бременоста.

На идните мајки тоа им е еден од најголемите проблеми, а бројните креми и лосиони вообичаено ја намалуваат појавата на стрии, но тешко е целосно да се спречат.

За барем малку да го намалите нивното појавување, на своето тело треба да му овозможите комплетна нега. За почеток, на кожата треба да ѝ обезбедите максимална еластичност, а тоа ќе го направите ако ја одржите хидратизирана и мека во текот на целата бременост.

Тоа на најдобар начин можете да го направите со помош на кокосово масло или шеа масло кое ќе го нанесете на кожата, најдобро после туширањето. Покрај класичното кокосово, можете да си направите и сопствен лосион на многу едноставен начин.

Потребно ви е:

-Една лажица маслиново масло

-Пола лажица кокосово масло

-Пола лажица пчелин восок

-Неколку капки масло од лаванда

-Неколку капки масло Е – витамин

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во стаклено шишенце кое пак ќе го ставите малку во вода што врие за сите состојки да се стопат и да се соединат, но внимавајте да не влезе вода во шишенцето или пак да не пукне. Оставете смесата добро да се излади пред да почнете да ја користите.

Кожата ќе ја одржите хидратизирана и доколку пиете многу вода. Покрај водата, внимавајте и на другите намирници што ги внесувате во организмот.

Витамините А, Ц и Е секогаш се добредојдени, а намирниците како пиперки, зеленчук со листови, брокула, авокадо, јаткасти плодови, маслиново масло, моркови и тропско овошје се и повеќе од потребни.

Она што исто така може да предизвика стрии е недостатокот на цинк, а за да го подобрите тоа, во секојдневните оброци вметнете пилешко и телешко месо, јајца и квалитетни житарици.

Секако, вежбањето е нешто од што не морате да се откажете ниту во текот на бременоста, секако во посмирени варијанти.

Вежбите ќе ви ја подобрат циркулацијата, ќе ви ги тонираат мускулите и со самото тоа ќе ѝ овозможите на кожата поголема еластичност.

Покрај на редовните вежби, внимание посветете и на исхраната. Иако е нормално во текот на бременоста да добиете некој килограм плус, тоа никако не смее да биде нагло, бидејќи покрај тоа што ќе ви предизвика појава на стрии, нема да биде добро ниту за вашето здравје.

Објавено:
3 мај 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.952 пати