Како да го одберете вистинскиот чистач за лице за вас?

28 јули 2020

Нашите чистачи за лице се рачно изработени со свежи и многу ефикасни состојки за да одговараат на широк спектар на потреби на кожата. Само вие знаете како се чувствува вашата кожа и како би сакале таа да изгледа. За почеток, имаме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да го пронајдете најдобриот чистач за вашата кожа.

1. ДЕФИНИРАЈТЕ ГИ ПОТРЕБИТЕ НА ВАШАТА КОЖА

Како би ја опишале вашата кожа на некој друг? Заборавете на обидот да се категоризирате во „комбинирана кожа“ или „Тип на кожа Б“ - вашата кожа има потреби што се различни и уникатни, како и вие. Важно е точно да се дефинира што и е потребно на вашата кожа пред да изберете чистач. Ако кожата ви е масна во Т-зоната, а сува на други места, може да ја наречете комбинирана, но она што навистина му треба на вашето лице е балансирање. Чистач со состојки што  балансираат, како лаванда или мед, ќе помогне вашата кожа да го добие она што навистина и треба.

Fresh Farmacy

2. ЗЕМЕТЕ ЈА ПРЕДВИД И ВАШАТА МОМЕНТАЛНА РУТИНА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЛИЦЕТО

Ние нема да ви кажeме што да правите, но знаеме дека секој има дневен ритуал кога станува збор за своето лице. Веќе имате рутина што добро функционира за вас, и обично се определува според вашите потреби и начин на живот на вашата кожа. Ако патувате често, можеби ќе ви се допадне нешто во цврста форма како што е FRESH FARMACY или COALFACE. Или можеби сте некој кој што одвојува повеќе време за негување и релаксирање со MASK OF MAGNAMINTY. Во секој случај, кога и колку често користите средства за чистење најмногу ќе ви помогне во изборот.

3. ОБРНЕТЕ ВНИМАНИЕ НА ВАШАТА КОЖА ПОСЛЕ МИЕЊЕ

Значи, користите средство за чистење со пена затоа што ја задоволува вашата потреба за миење на лицето, но како се чувствува вашето лице потоа? Пријатно или премногу затегнато? Овој  јо-јо ефект е индикатор дека вашиот чистач не функционира најдобро за вашиот тип на кожа. Вашиот чистач не треба да предизвикува никакви иритации или проблеми на кожата, и во зависност од реакциите на самата кожа може да изберете нешто што е многу подобро и посоодветно на вашите потреби.

Angels on bare skin

4. ОДЛУЧЕТЕ ШТО САКАТЕ ВАШИОТ ЧИСТАЧ ДА НАПРАВИ ЗА ВАШАТА КОЖА

Ова е важен чекор. Ако барате добар пилинг, OCEAN SALT би бил совршен или чистач како што е LET THE GOOD TIMES ROLL. Ако отстранувањето шминка е вашиот приоритет број еден, достигнете го врвот со чистачот ULTRABLAND. Доколку можеби сакате нежен, секојдневен чистач за да го одржите вашето лице избалансирано и омекнато - тогаш за вас е ANGELS ON BARE SKIN, чистач за балансирање кој исто така ја смирува кожата.

Let the good times roll

Mask of magnaminty

Најважно од сè: Одберете чистач според ефектите кои би ги постигнале со него а не според типот  на кожата.

5. И ЗА КРАЈ, КАКО БИ САКАЛЕ ВАШАТА КОЖА ДА ИЗГЛЕДА И ДА СЕ ЧУВСТВУВА?

На крајот  на денот сите сакаат да бидат среќни со она што го гледаат во огледалото. Ние веруваме дека здравата кожа е убава кожа - но веројатно вие имате поконкретна идеја за тоа што значи за вас. Блескава, свежа, избалансирана, мат, мека кожа… листата продолжува!  
Тука нема погрешен одговор и ние секојдневно создаваме чистачи кои ќе ви помогнат да ја добиете кожата од соништата.

Ocean Salt

Ultrabland

 

 

*комерцијална објава

Објавено:
28 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
434 пати