Како да го одберете вистинскиот навлажнувач за кожа

29 август 2019

Секоја крема на Lush е уникатна, создадена со внимателно избрани состојки. Ние веруваме дека кожата може да биде повеќе од сува, масна или нормална, односне не правиме класификации. Во зависност од тоа како ја чувствувате вашата кожа, ние нудиме навлажнувачи кои ќе ѝ го вратат природниот баланс. Секогаш пред кремата/навлажнувачот за кожа, препорачуваме да се користи серумс за лице односно масло за лице без пакување. Најдобро одат во пар и секако даваат најдобри резултати.

За „сува" кожа

Перутење, чешање, чувство на оптегнатост, се симптомите за многу сува кожа. Затоа ние имаме и многу масен серум за лице Banana skin. Свежи кремасти испасирани банани и путер од манго е тајната на овој екстра хидратантен серум. За жедна кожа која бара мнооогу хидратација. Комбинирано со Skin Drink навлажнувач за лице за жедна кожа. Вистински пијалок за вашата кожа со органско масло од сусам, бадемово масло и алое вера.

 

„Сува" и зрела кожа

Маслото од Argan со шеа и какао путер е основа за богата хидратација. Маслото од бодликава круша (круша која расте на кактус) е пребогато со витамин Е. Од 100 кила бодликава круша се добива еден литар масло. Тоа е доволен показател за неговата уникатност и величественост. Арганот е препознатлив по тоа што го забавува стареењето на кожата. Овој серум го комбинираме со навлажнувачот Skin's Shangri La за сува и зрела кожа. Главна компонента е водата од "Унгарска кралица". Тое е древен рецепт од рузмарин потопен во водка. Овој рецепт го користела унгарската кралица за да го задржи својот младешки изглед. Затоа и рецептот е наречен спорд неа.

 

За чувствителна кожа со повеќе суви делови

Full of grase е најнежниот производ за лице. Овој серум е одличен за хидратација и регенерација. Има камилица и каламин глина кои ја смируваат чувствителната кожа, а каламинот ја контролира количината на мастење. Затоа овој серум поради неговиот состав често го препорачуваме за различни типови на кожа, но тоа што е заедничко кај нив е чувствителноста. Кремата која ја користат и мажи после бричење, но секако и женската популација со чувствителна кожа е Cosmetic Lad. Мед, лаванда и органска алое вера се нејзините базични елементи.

"Нормална" кожа со благо балансирање.

Amazon primer е одличен за матирање и балансирање на вишокот на сјај. Муру муру путер и масло од андироба е рецептот за исхидтрирана и балансирана кожа. Се препорачува крема Imperialis -Лаванда, дивизма со жолти цветови, темјанушка, кантарион... Оваа цветна крема ќе ви даде лесна хидратација.

Масна кожа со или без акни

Light Touch балансира и смирува. Овој серум има сина спирулина која делува антиоксидантно и смирувачка камилица. Секогаш со мат изглед. Доколку кожата ви е склона кон акни, Vanishing cream ќе ви ги реши сите грижи за здрава кожа. Лавандата е главната компонента . Совршена е за кожа со отворени пори и акни. Enzymion е за масна кожа на која и е потребно убаво балансирање. Папаја, свеж сок од лимон, алое вера, масло од ноќниче. Вишокот на сјај магично ќе исчезне.

И за крај нашата Божица Gorgeous. Ги подмладува сите типови на кожа. Содржи пет органски ладно цедени масла: Органско ладно цедено масло од маслинки, органско ладно цедено масло од ноќниче (кое подмладува), органско ладно цедено масло од авокадо,органско ладно цедено масло од семки од грозје и органско ладно цедено масло од пченични никулци. Ќе додадеме дека оваа крема е правена по специјален рецепт за принцезата Дaјана. Со тоа, сè е кажано.

Се гледаме во Lush!

Plum Rain гел за туширање на база на два вида слива и Bohemian soap сапун за тело со лимон и глицерин

Објавено:
29 август 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
863 пати
Тагови: 
Lush