Како да го зачувате карминот на усните и покрај маската?

6 април 2021

Новото нормално кое моментално го живееме, бара прилагодување на секое поле. Облеката генерално стана поедноставна, истото важи и за чевлите, а во мода се вратија бои на коси кои не бараат толку честа посета на фризерски салон и добрите стари штипки за коса

И кога е убавината во прашање, наметнати се промени. Маската е неизоставен дел од изгледот денес, а ја носите постојано, па фокусот на мејкапот е ставен на очите и веѓите. Но, тоа не значи дека треба да ги занемарите усните. Во продолжение, неколку корисни совети, како да носите кармин на усните и покрај тоа што носите маска:

За почеток, најважно е да ги одржувате усните хидратизирани, но тоа не значи масни и лепливи. Вишокот балсам отстранете го. 

Исцртајте ги усните по линиите и внатрешноста со молив за усни, а потоа ставете го првиот слој кармин. Наша препорака е да се одлучите за кармин со мат финиш. 

Ставете марамче над усните, па фиксирајте одозгора со пудра во прав без пигмент (translucent setting powder). На овој начин, бојата од карминот нема да ви се преслика на маската. 

Ако има потреба, повторете го последниот чекор.

Не заборавајте ја маската!

Објавено:
6 април 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
351 пати