Како да ѝ помогнете на својата дехидрирана и сува кожа во студените месеци

8 ноември 2022

Студените месеци со себе носат промени на секое поле, па и кај нашата кожа. Ветрот и ниските температури можат значително да ја исушат нашата кожа, а како резултат на тоа, нам ни останува да се бориме со пукнатини, црвенило и иритации.

Покрај времето, останатите надворешни услови како загадениот воздух, стресот, начинот на исхрана можат исто така да доведат до дехидрација.

Дехидрираната кожа е кожа на која ѝ недостасува вода или која ја изгубила способноста да ја задржува водата, па сега е затегната, сува, а кај посериозните случаи може да забележите и црвенило и лупење.

Во продолжение ви претставуваме три едноставни начини како да ѝ помогнете на кожата да биде доволно хидрирана.

Сè започнува од исхраната

Не е изненадување дека пиењето вода е на врвот на приоритети, но треба да е во комбинација со здрави дози есенцијални масни киселини. Кожата внатрешно има способност да се меша со вода и да привлекува масти, тоа значи дека ни се поттребни и двете за да биде хидрирана. Храната како јатки, семки, авокадо и риба имаат позитивен ефект врз целокупната хидратација, а воедно можете да консумирате и омега суплементи.

Фото: Pinterest

Држете се понастрана од активните состојки

Состојките како киселини и ретинол прават чуда за кожата и навистина се брилијантни, но сè додека погрешно ги користите, ќе имате сува кожа. Важно е да се најдебалансот меѓу активните состојки, антиоксидансите и спстпјќите за заштита. Наместо AHА (алфахидроксилна киселина) внесете PHA (полихидроксилна киселина) која ги има истите својства, но има поголема молекуларна тежина па не ја иритира кожата.

Фото: Pinterest

Хијалуронската киселина не е единствена опција

Иако хијалуронската киселина е одлична, постојат и други состојки кои ја хидрираат кожата. Таков е глицеринот, како природен навлажнувач на кожата. Навлегува длабински во кожата и штити од иритации. Одличен е за сите типови кожа, дури и за масна и склона на акни.

Фото: Pinterest

Објавено:
8 ноември 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.389 пати