Како да не се здебелиме додека сме во изолација, а да не гладуваме?

9 април 2020

Низ интернет просторот постојано налетуваме на шеги како после изолацијта ќе бидеме непрепознатливи и сите ќе имаме по некој килограм повеќе. Но, не мора да е така. Потребно е само да сме малку дисциплинирани и да не се опуштаме со тоа што сме дома, а воедно и да си бараме изговори.

Во продолжение, неколку совети за тоа како да не се здбелиме додека сме дома, а притоа и да не гладуваме:

Не јадете од досада

Изолацијата знае да предизвика досада, но не мора храната да ви биде прв извор на анимација. Прво, ќе ве забавува додека не го изедете тоа што сте наумиле или во уште полош случај, сè што ви доаѓа „под рака“. Второ, премногу јадење предизвикува негативни ефекти од различни аспекти. Затоа, кога ви е досадно, насочете се кон некоја друга активност - филм, книга, музика, цртање, карти, друштвени игри, цвеќиња... Што и да ве исполнува

Тргнете ги искушенијата

Сите имаме дома „резерви“ кои подразбираат чипс, кикирики, чоколадо, за кризни моменти. И тоа е ок, сè додека не почнете да ја празните полицата многу брзо. Дури и да не сме гладни, кога ќе видиме нешто нездраво, а сепак вкусно, го земаме и уживаме, истовремено правејќи си стомак, губејќи си ја половината и додавајќи си килограми. Затоа, оставете ги резервите да бидат навистина за „кризни“ денови, затоа што изолацијата ќе потрае, а на крајот, сепак треба да излеземе од дома, нели :)?

Држете се до редовниот распоред на оброци

Не само додека сме во изолација, туку редовниот распоред на оброци е одличен за севкупното здравје. Затоа, тоа што сте дома нека не ве спречува да имате појадок, ручек и вечера. Обидете се редот и во исхраната и во домот да го задржите колку што е можно понормален.

Не заборавајте на водата

Тоа што сте дома, нека ви помогне да се насочите кон здравите навики. Сега е вистинско време да се посветите на тоа, доколку претходно сте немале време. Сега го имате. Пиењето доволно количество вода е клучно за добро здравје, затоа не запоставувајте ја хидратацијата на телото. Така ќе го намалите и стресот, а и ќе ве држи подалеку од храната, која сепак не треба да ја избегнувате во целост или да се измачувате.

Гответе

Можеби ви изгледа контрадикторно, но една студија во Британија покажала дека готвењето е директно поврзано со зголемен внес на зеленчук и овојше. Така, сè додека готвите дома и бирате рецепти кои се базираат на здрава храна, ќе успеете да го одржите и здравјето и линијата.

Движете се

Да, не можеме да излеземе надвор, но можеме да правиме вежби во домашни услови. Дури и да не сте многу по спортот, 20 минути за основни вежби можете да издвоите. Уште после првите два дена ќе почувствувате подобрување и ќе сакате да продолжите со оваа навика. Дури можете 20 минути наутро и уште 20 минути приквечер. Телото ќе ви биде благодарно.

 

 

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.927 пати
Извор: 
Image by rawpixel.com