Како да откриете дали кратка коса е за вас?

19 ноември 2015

Веројатно многумина од вас при промена на фризурата си помислиле како би им стоела кратка коса? Во моментов се мошне актуелни кратките фризури, а во продолжение ви презентираме еден трик како сами да откриете дали кратењето на коса е вистинскиот чекор.

Одговорот ќе го најдете во 5.5 см.

Оваа “финта“ е откриена од познатиот фризер Жил Робинсон, кој работи како главен стилист во салоните John Grieda во Британија.

-Аголот на јаболчницата е одлучувачки дали некој ќе изгледа добро со кратка или со долга коса – вели тој.

Земете пенкало или молив и поставете го  хоризонтално под вашата брада. Линиарот позиционирајте го вертикално, под увото. Измерете го растојанието од увото до моливот. Ако има помалку од 5.5 см, ќе изгледате прекрасно и со кратка коса. Доколку растојанието е поголемо од 5.5 см, тогаш долгата коса е подобро решение за вас.

Примерот е аплициран и на Мишел Вилијамс и Ким Кардашијан, а можете да ги погледнете и Одри Хепберн и Сара Џесика Паркер.

Каков е вашиот резултат?

Објавено:
19 ноември 2015
Категорија: 
Направи сам
Прочитано:
6.425 пати