Како да согорите до 300 калории, а да не вежбате?

31 мај 2021

Пандемијата и седењето дома резултираше кај повеќето со некој килограм повеќе. Но, од друга страна, не секој ужива во вежбањето за да го реши проблемот со вишокот.

Доколку сте во таа група, ние најдовме активности кои можат да ви помогнат да изгубите и до 300 калории, а тоа да не е класично вежбање.

Некои веројатно и не ги очекувате, но можеби ќе почнете да ги практикувате:

Чистење по дома - 175 калорија по час

Чистењето со правосмукалка, враќањето на работите на свое место -  чистењето генерално можеби се досадни активности, но доколку ви недостасуваше мотивација за да направите генералка, еве ја - губење на 175 калории за еден час, додека правите нешто што едноставно се мора!

За еден час пегласње пак може да се потроши и до 157 калории.

Носењето високи потпетици - до 220 калории за час

Не постои жена што не ја болеле нозете, вклучително и листовите после долго носење високи потпетици, посебно ако се работи за ноќ помината во танцување. Стоењето и чекорењето во штикли е на некој начин вежба. Важно е да водите сметка за држањето, да не одите со телото премногу нанапред, бидејќи така придонесувате и за појава на плускавци. Чекорењето во високи потпетици ви помага за согорување од 90 до 120 калории за половина час.

Качување по скали - 102 калории за 10 минути

Ова не е ништо ново, качувањето по скали е активност која сите тренери ќе ви ја препорачаат. 100 калории за 10 минути звучи одлично, а веројатно е и најбрзото можно согорување калории.

 

Шетајте додека зборувате на телефон

Некого оваа навика го нервира, но доколку треба да намалите некој килограм, нема да ви дојде лошо да ја практикувате. На тој начин за 30 минути можете да согорите 100 калории.

Фризура

Миењето коса, фенирање или пеглањето на косата ќе ви помогнат да изчезнат речиси 100 калории за 40 минути. Долгото држење на рацете на глава придонесува за согорување на калориите во мускулите. А згора на тоа, на крај ќе имате супер фризура.

 Играње со децата - 78 калории за 20 минути

Децата се полни со енергија и умее да биде навистина тешко да се одржи нивното темпо. Но, од друга страна, ќе биде добро за вашата линија. Одењето со децата во парк, или пак кога ги бањате, заспивате, со сите тие активности горите калории, а веројатно нема ни да забележите.

 

Смеење - до 40 калории за 15 минути

Добро е за расположение, уште повеќе за телото. При смеењето се забрзува работата на срцето, а со тоа се согоруваат и калории. Можеби нема да согорите толку многу калории како со други активности, но ќе бидете далеку порасположени.

Водење љубов - 300 калории за еден час

Со оваа активност се трошат многу калории. Всушност, калории се трошат секогаш кога пулсот се одржува повисок одошто е во мирување.

 

 

Објавено:
31 мај 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
822 пати