Со доаѓањето на новата сезона, сите размислуваме и за промени - на облеката, обувките, но и косата. Таа бара посебна нега и во есен.
Доколку размислувате да ја смените и нијансата на коса, во продолжение ви презентираме дел од оние што ќе бидат апсолутен тренд.
Одберете го она што најмногу ви одговара, а доколку не сте сигурни консултирајте се со стручно лице:
Црвени нијанси со интензивен сјај
Доколку имате светол тен, а сакате да направите промена, ова би бил одличен избор. Се работи за богата нијанса на црвена во комбинација со златно-портокалови нијанси. Не заборавајте да користите средства за нега и сјај на косата, бидејќи така нијансите уште повеќе ќе дојдат до израз.
Златно-руса
Ова е очекувана нијанса, која речиси секогаш се наоѓа на листата на трендови. За да ја постигнете нијансата, светлите прамени да бидат густо распределени и во пределот околу лицето. Доколку пак, имате потемна руса коса, ова е супер начин да ја освежите и на тој начин да го осветлите и лицето.
Богата чоколадна нијанса
Ова е прекрасна смеѓа нијанса, нагласена со суптилни, едвај видливи прамени во малку посветла нијанса. Поеднакво им прилега и на оние со посветол и на оние со потемен тен, што ја прави уште попопуларна меѓу жените. За да се потигне најдобриот резултат, косата мора да биде негувана и сјајна, па никако не заборавајте ги маските за хидратација на коса, затоа што правењето прамени го суши влакното дополнително.
Природен корен
Иако оваа варијанта на првпоглед изгледа како балајаж, сепак струњаците велат дека оваа есен ќе се носат посуптилни варијанти. Се работи за боја каде контрастот помеѓу нијансите е далеку поблаг, па изгледа и многу поприродно. Меѓу фризерите е позната како „пржен кокос“, а предност е што коренот може да остане дури и природен. Инспирацијата можете да ја најдете кај Марго Роби.