Како коректорот за подочници да ви трае цел ден?

6 јуни 2019

Тие што имаат изразени подочници многу често се соочиле со моментот коректорот да не успее да ги покрие, односно не доволно долго.

Сигурни сме дека после неколку часа сте забележале дека изгледате како и да не сте ставиле коректор и плус пудра.

Но, стручните лица од козметичката индустрија откриваат дека постои еден мошне едноставен трик, со кој ќе го продолжите времетраењето на овој козметички препарат - тапкање.

Да, наместо да го размачкате коректорот под очи со раце или сунѓерче, тапкајте со врвот на прстот додека не впие. На тој начин подобро ќе се нанесе и уште подобро ќе ги сокрие подочноците и до 14 часот. Воедно и нанесувањето е попрецизно за разлика од претходно споменатите методи.

Во продолжение погледнете и видео од визажистот Вејн Гос, како правилно да го направите тоа:

 

Објавено:
6 јуни 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.172 пати