Како на најдобар начин да го искористите кокосовото масло?

18 март 2016

Предностите на кокосовото масло се и повеќе од познати, а последниве години овој производ е дефинитивно еден од најбараните поради огромната можност за примена во различни сфери, пишува journal.hr. Кокосовото масло има неверојатни лековити својства, може да се користи во исхраната, како домашен лек, а во последните години сѐ повеќе се користи и како дел од третманите за убавина. Токму кокосовото масло е совршена замена за некои производи што ги користите секојдневно, а придобивките од користењето на истото ќе бидат и повеќе од очигледни.

Користете го како:

Производ за чистење шминка – Кокосовото масло е одлично за чистење на шминката од вашето лице, а покрај тоа, истото ќе делува неверојатно благопријатно и релаксирачки на вашата кожа.

Балсам за усни – Негата на усните е особено важна во студениот период, па за истите секогаш да изгледаат негувани и нежни, нанесете малку кокосово масло полно со витамин Е со што ќе ја нахраните кожата.

Гел за бричење – Доколку сѐ уште не сте ја пробале оваа метода, тогаш истата е задолжителна за викендов. Заменете ја пената или гелот за бричење со малку кокосово масло што и овозможува одлична хидратација на кожата.

Паста за заби – Кокосовото масло можете да го користите и како паста за заби. Истото има антибактериско дејство и е одлично во борбата против бактериите, а покрај тоа ги избелува и забите.

Маска за коса – Од секогаш е познато дека кокосовото масло е едно од најдобрите за користење кога е негата на косата во прашање. Ставете неколку капки на косата и добро истријте ја, па откако ќе помине половина час, измијте ја. Вашата коса ќе биде свежа, а врвовите закрепнати и негувани.

Нега на ноктите – Направете си сама маникир со тоа што околу ноктите, но и на нив, ќе ставите малку кокосово масло и добро ќе го втриете во кожата. За многу кратко време, ноктите ќе ви бидат сјајни и поздрави од кога и да е.

Објавено:
18 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.632 пати