Како парфемот да ви трае подолго?

10 февруари 2014

Веруваме дека веќе знаете дека парфемот мора да го нанесувате на адекватни места како на зглобовите, зад увото и на внатрешните страни на лактите...но дали знаете како тој да ви трае подолго?

1.Парфемот задолжително чувајте го подалеку од светлина, бидејќи на тој начин ќе ги задржи своите хемиски својства и долго време ќе остане непроменет. Најдобро е да го чувате во оригиналната амбалажа во некој плакар каде нема светлина, но никако во тоалетот, бидејќи на парфемот многу му штети и влагата.

2.Нанесете го парфемот директно на кожата и тоа на одредени точки на телото што претходно ги споменавме. Парфемот секогаш се нанесува на зоните каде има пулс, односно на точките на телото каде може да го почувствувате пулсот. На тој начин мирисот ќе се шири со секое отчукување на срцето.

3.Многумина по нанесувањето на парфемот го тапкаат местото, не знаејќи дека на тој начин ги уништуваат молекулите на парфемот и всушност самиот негов мирис. Парфемот треба да се напрска и да се остави самиот да ја направи целата магија.

4.Уште една тајна за тоа како да го сочувате совршениот мирис на парфемот е да ставите малку маслиново масло или вазелин како подлога на местото каде го нанесувате вашиот омилен парфем. Причината за тоа е што маснотијата подолго ги задржува мирисите, па тоа ќе биде случај и со вашата кожа.

Објавено:
10 февруари 2014
Категорија: 
Убавина