Каков тип на стомак имате и како најбрзо да го снема

30 мај 2019

Во пресрет на летната сезона, речиси сите жени се трудат да ја подобрат својата фигура и здравје. Најчест проблем со кој се соочуваат е стомакот, па доколку спаѓате во оваа група на жени, прочитајте го текстот до крај.

Во продолжение пронајдете го типот на стомак што го имате и ве мачи, како и тоа што да преземете за да го „снема“ што побрзо:

1. Стомак - резервна гума 

Како да го препознаете: Го имаат оние што имаат работа што бара да поминете многу часови во седечка положба или пак се љубители на маратонско гледање серии во седечка или лежечка позиција. Исто така, овој тип на стомак го имаат и оние што обожуваат слатки или често консумираат алкохол. Значи, типични лоши навики, минимално вежбање и многу седење, доведуваат до ваков стомак. 

Најголема заблуда: „Само теретана ќе ми помогне!“

Што да преземете: Одбегнувајте ниски маснотии, како и таканаречените диетални грицки. Овие производи се полни со хемикалии, рефиниран шеќер, сол и конзерванси, кои им даваат вкус, но не ви прават услуга. Јадете почесто, но здрава храна, најчесто непреработена, свежа храна. Движете се повеќе. Ако работата ви е седечка, тогаш паркирајте се подалеку, или користете скали наместо лифт...  Наместо теретана, за вас идеални се долги прошетки, исчекори и „squats“, кои можете да ги правите и дома и јога.

 

2. Стомак од стрес

Како да го препознаете: Го имаат луѓе кои имаат чувствителен дигестивен систем, односно синдром на нервозни врева. Тоа може да предизвика подуеност и да направи стомакот да изгледа лошо. Салото е лоцирано во средишниот дел на стомакот, околу папокот. Кога сме под стрес, произведуваме кортизол, хормон кој поттикнува задржување на маснотиите околу стомакот. Исто така овој тип на стомак е тврд на топир, а не мек, каков што и треба да е. 

Најголема заблуда: „Морам да бидам поактивна, но и зголеменото количество кофеин ми помага во слабеењето“.

Што да презмете: Ако спаѓате во оваа група, никако не прескокнувајте ги оброците, ниту пак премногу кофеин или брза храна. Повеќе спијте. Недостатокот на сон го попречува создавањето на лептин, хормонот кој помага да се регулира апетитот и метаболизмот. Опуштете се. Испробајте вежби со длабоко дишење, медитација. Долгите туширања, односно купки пред спиење ќе го поттикнат добриот сон и ќе ви помогнат да го стабилизирате стомакот на секој можен начин. Внесот на кафе ограничете го на две шолји дневно. Пробајте и со смирувачки вежби како што се јога, долги прошетки, пливање и вежби со создавање отпор, како и вежби за истегнување и чај од камилица пред да си легнете.

 

3. Стомак како торба/ низок стомак

Како да го препознаете: Ваков тип на стомак имаат најчесто мајки што работат физичка работа многу часови дневно. Исто така, може да го имаат и зависнички од теретана, кои сепак јадат иста храна, склони се кон рутини и имаат витка линија, но низок/долен стомак. Интересено, но и претераното правење стомачни вежби може да предизвика притисок на колкот и долниот дел на грбот, па тие мускули да предизвикуваат стомак кој малку “штрчи“.

Најголемата заблуда: „Користењето тегови ќе ми помогне да создадам маса, а јас сакам да сум слаба“.

Што да преземете: Исхраната богата со влакна ќе придонесе за намалување на подуеноста и опстипацијата, кои уште повеќе го нагласуваат стомакот што сакате да го скриете. Зелен зеленчук, житарици со полни зрна се добри и природни извори на влакна. Ако вежбате, а лошо ги изведувате стомачните вежби, ќе си направите контра услуга - стомак и искривување на долниот дел на грбот. Исчекорите се добра вежба и за овој тип стомак, како и популарните „squats“. Исто така, пијте многу вода и јадете многу зеленчук.

 

4. Мајчински стомак

Како да го препознаете: Жените со ваков тип стомак најчесто веќе родиле (во период од последни неколку години) и како типични тазе мајки немаат многу време за себе. Многу од жените откако ќе родат се под стрес да го вратат старото тело. Но, дајте си време и земете здив!

Најголема заблуда: Ќе го намалам стомакот со класични стомачни!

Што да преземете: Земајте омега 3 и омега 6 масни киселини. Обидете се да јадете добри и здрави масти кои можете да ги најдете во јаткасти плодови, маслото и маслинките - секој ден. Не само што ќе ви помогнат да ги изгубите мастите и да ги апсорбирате витамините од храната, туку ќе помогнат и во борбата против уморот - што е од голема помош за изморените мајки. Кегеловите вежби исто така помагаат да го израмните стомакот - правете ги по 15 до 20 пати во 5 серии дневно. Стомачните вежби со кревање во седечка положба не се добар избор. Обичните стомачни пак, се најлошата работа што можете да ја направите, бидејќи ќе придонесете мускулите (linea alba) да се разделат уште повеќе. Истегнувањето пред спиење се исто така важни, како и дневните дремки.

 

 5. Подуен стомак

Како да го препознаете: Подуениот стомак во утринските часови е рамен, но во текот на денот, поради гасови или дигестивни проблеми, во текот на денот преминува во подуен. Речиси секогаш е предизвикан од нетолеранција на одредена храна или мрзливи црева, како последица на неправилна исхрана - јадете иста храна, можеби и целиот живот, а не сте сфатиле дека не ја поднесувате.

Најголема заблуда: Со тек на време ќе помине или ќе се привикнете.

Што да преземете: Нејчести нетолеранции се на пченица и глутен (леб, тестенини, пецива, пици, колачи, житарици). Глутенот може да предизвика воспаление на црева, па стомакот така да е уште поголем. Клучно е да експериментирате за да најдете што му пречи на вашиот стомак, затоа што го познавате своето тело подобро од било кој друг, а можете и да се тестирате. Обидете се да ги отстраните работите што ви пречат макар на 2 недели и видете дали подуеноста ќе се намали или ќе се влоши кога повторно ќе почнете да ја користите. Фокусирајте се на свежа храна. Верувале или не, дишењето може да биде најдобрата работа која можете да ја направите за овој тип стомак. Секое утро легнете на грб, опуштете се и длабоко вдишувајте со стомакот 10 пати. Обидете се, немате што да изгубите. 

 

Објавено:
30 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.964 пати
Извор: 
theeverydayblogger.com