Error message

Каква фризура да одберете доколку вашето лице е во облик на срце

7 септември 2022

Трендовите во светот на модата и убавината се жива материја која секојдневно се менува. Следејќи ги оние најистакнатите во модните списанија и сајтови, како и социјалните мрежи, неизбежно е да паднеме под одредено влијание и искушение, и да пројавиме желба да ја стилизираме нашата коса според она што гледаме дека е најпопуларно.

Но, дали најпопуларното значи и најдобро? Експеритите не се согласуваат со тоа. Професионалните фризери секогаш укажуваат на тоа дека потребно е да внимаваме на формата на нашето лице пред да се одлучиме да ги земеме ножиците в раце.

Во таа смисла, сигурно се прашувате каква фризура најмногуи би ви одговарала вам. Па, доколку вашето лице е во форма на срце, ова се неколку предлози кои професионалците ги посочуваат како најдобар избор.

Коса на степени со шишки

За оние со погуста и подолга коса ова е би била идеалната фризура која на суптилен начин го истакнува лицето, додека шишките пак даваат посебен шарм. Оваа фризура се вбројува во вечните класични избори, па дефинитивно ќе биде во тренд и оваа есен.

Фото: Pinterest

Боб

Боб е одличен избор кога сакате да направите голема промена, но не и драстична. Оваа исклучително популарна фризура е лесна за стилизирање и е омилен избор за вљубениците во урбаниот стил.

Фото: Pinterest

Пикси

Доколку барате нешто што брзо и лесно ќе го обликувате, ќе го истакне вашето лице, а притоа ќе изгледате шик и храбро, пикси фризурата ја нуди идеалната можност за тоа.

Фото: Pinterest

Фризура со долги слоеви

Класика која со години постои како една од најпосакуваните фризури е токму онаа со многу слоев и. Овој безвременски стил е идеален за оние кои сакаат да го освежат својот изглед, но сепак да ја задржат постоечката должина на косата.

Фото: Pinterest

Објавено:
7 септември 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
795 пати