Каква шминка е совршена за на работа?

22 септември 2016

Каде е границата помеѓу премалку и премногу кога е шминката за работното место во прашање? Ова прашање веројатно повеќето жени си го поставиле макар еднаш во животот, без оглед дали било во прашање интервју за работа или работното секојдневие.

Несесерот за шминката за на работа треба да содржи -  кармин во боја на усните, коректор што ќе ги сокрие сите недостатоци и подочниците и маскара!

Со овие три производи ќе изгледате свежи и пристојно. Во продолжение погледнете и три туторијали за тоа како можете да постигнете соодветна шминка за на работното место.

Без разлика дали сте од генерацијата што допрва ќе го стекнува работно искуство, или пак сте од повозрасната генерација што бара промена во својот изглед, се надеваме дека овие видеа ќе ви помогнат.

 

1.За дамите што сакаат да изгледаат дотерано и елегантно, но на суптилен начин


2.За дамите што сакаат да изгледаат како да потрошиле многу часови за нега, а сепак ќе изгледаат природно и свежо


3.За дамите што имаат само 5 минути наутро за дотерување


Објавено:
22 септември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.885 пати