Kaкво масло одговара за вашата коса?

22 февруари 2022

Секоја жена посакува убава и негувана коса со сјај. Природните масла во тоа можат многу да помогнат. Но, ако не знаете да го одберете вистинското за вашиот тип кожа, прочитајте го водичот во продолжение:

Масла за тенка коса

Тенката коса има влакно со широчина од околу 0.04 мм, што е дупло помалку од дебелината на влакното на нормална коса. Тоа е и една од најчестите причини што изгледа обесено и безживотно. Ако се пронајдовте во оваа група, тогаш со следниот шопинг набавете си таканаречени суви масла. Тие се со прилично ретка текстура, па можат полесно да се нанесат на косата. Содржат висок процент на незаситени масни киселини, што прави да не оставаат тежок масен слој и брзо се впиваат. Од сувите масла најчесто се препорачува аргановото масло, бидејќи ја негува косата без да ја прави леплива и тешка. Ако аргановото масло не е вашиот фаворит, тогаш можете да одберете и масло од семки од грозје или масло од шафран, кои се често и поевтини.

Мaсла за густа и природно виткана коса

Ако имате ваква коса, тогаш можете да користите таканаречени богати масла. Тие се погусти, но одлични за вашиот тип коса. Во оваа група спаѓа и маслиновото масло, а најдобро е да го нанесувате она што не е термички обработено и содржи најмногу витамини и хранливи материи. Маслиновото масло содржи голем процент на витамин Е, кој ја штити косата од УВ зрачења, оштетувања од топлина или токсини. Освен маслиновото, за вашиот тип коса одлично е и маслото од макадамија или кокос.

Масла за нормално густа коса

Косата не ви е ниту претерано густа, ниту пак премногу тенка? За нормалната коса се идеални полусувите масла - ниту премногу ретки, ниту премногу густи. Такво е маслото од семки од кајсија. Богато е со ензими и ја негува косата со масни киселини и витамин Б. Освен ова, одлични за нега на нормално густа коса се и маслата од сусам, како и од јаткасти плодови.

Масла за масна коса

Се плашите дека со маслата косата ќе ви изгледа уште толку помасна? Но, не ако ги користите вистинските. Маслото од корен од чичак е лесно и совршено за овој тип коса. Лесно се нанесува по косата, а на пример за хидратација на врвовите се потребни само неколку капки. Маслото ќе биде одлично и за нега на скалпот, па ако имате првут или кожата на главата ве чеша, причина повеќе да го користите. Втријте го во кожата пред да ја измиете косата, нека постои макар 15 минути, а потоа измијте ја косата на вообичаен начин.

Масла за оштетена коса

Сте забележале дека косата буквално ви се крши? Она што ви треба е бадемово масло, кое содржи биотин, а тој може да направи чуда за вашата коса. Бадемовото масло содржи и масни киселини кои ја штитат косата и од надворешни штетни влијанија.

Совет повеќе: Бидејќи сите растителни масла задржуваат вода, најдобро е да ги нанесувате на влажна коса. На тој начин ќе го спречите испарувањето и ќе ја задржите влагата во косата, а на косата ќе ѝ пружите поголема еластичност и отпорност.

Постојат неколку начини на кои можете да внесете маслото за коса во своја дневна рутина, а вие одберете што е најдобро за вас:

  • После миење на косата - нанесете неколку капки масло на влажните делови, после шампонирањето. Внимавајте да не претерате, косата треба да изгледа негувано и сјајно, не масно.
  • Пред миење на косата - Намокрете ја косаата и нанесете убава доза од омиленото масло, од корен до врв на косата. Оставете 15-минути, а потоа измијте со шампон.
  • Регенератор или додаток за нега на коса - Подобри го регенераторот што го користиш со додавање на неколку капки масло. Така ќе придонесете за дополнителна нега.

 

Објавено:
22 февруари 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
891 пати