Камилицата е совршена за сите типови кожа и го забавува стареењето

27 февруари 2021

Камилицата е нашироко позната како лековита билка, а чајот од камилица често се користи за ублажување на стресот, смирување на нервите. Истиот смирувачки ефект камилицата го има и врз кожата. Одлична е за сите типови кожа ‐ нежно ја хидрира сувата и чувствителна кожа, го намалува чувството на затегнатост. За масната кожа, камилицата делува антибактериски па го намалува  воспалениото и излачувањето на себум.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rica (@runicradiance)

Кумаринот е активната состојка во камилицата која ги регенерира оштетените клетки на кожата. Моќниот антиоксиданс каротен ја изедначува текстурата на кожата и штити од оштетувањата кои ги предизвикуваат слободните радикали. 

Чајот од камилица може да го користите како тоник за лице. Во 250 мл превриена вода ставете една ќесичка чај и оставете да стои 30-40 минути. Со чајот исплакнете го лицето и деколтето по чистење, па додадете крем за хидратација.

Објавено:
27 февруари 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
657 пати
Тагови: 
камилица