Кармин за усни со нијанса по желба: Иновација од YSL

18 јануари 2021

Славната компанија за убавина YSL ја најави својата најнова технолошка иновација. Не станува збор за некоја посебна формула или промена во составот, туку за интересен бјути уред. 

Иновацијата е всушност апарат кој ви дозволува да креирате сопствена посакувана нијанса на кармин за усни. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by L'Oréal (@loreal)

Уредот го носи името Yves Saint Laurent Beauté Rouge Sur Mesure, а содржи три нијанси кармин кои може да ги мешате по сопствен рецепт. Постојат 4 различни сетови (црвени, розови, портокалови и беж), а секој од нив има по 3 различни нијанси. Трите нијанси се спакувани во мали туби и ја носат формулата на добропознатиот Velvet Cream, па крајниот резултат е мат ефект. 

Уредот преку Bluetooth се поврзува и со мобилен телефон, па прилагоувањето на нијансата може да се прави и на тој начин.  

Објавено:
18 јануари 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
444 пати