Кејт Аптон дебитира во новата кампања на Боби Браун
•
2 јули 2014
По Кејти Холмс, брендот реши да ја ангажира младата манекенка која е позната по своите бујни атрибути, но овој пат истакнувајќи ги нејзините полни усни, образи и блескав тен.
„Им се восхитувам на жени кои сами ги креираат правилата, па природно изборот падна на Кејт, која сама го изгради патот до успехот“- изјави Боби Браун, која смета дека Аптон поседува природна убавина, атлетско градено тело и дека не секогаш ги прифаќа работите толку сериозно, што дополнително открива една сосема нова забавна страна на моделот, поради што токму таа е селектирана како прво лице на козметичката линија.