Кендал Џенер дебитираше за Есте Лаудер

22 јануари 2015

Козметичката компанија Есте Лаудер конечно му ги покажа на светот резултатите од долгоочекуваната соработка со новата ИТ девојка Кендал Џенер во одличното видео во кое таа ја рекламира новата маскара на брендот The Little Black Primer.

Деветнаесетгодишната ѕвезда која за краток период стана вистинска модна икона на новото време, потпиша милионски договор со брендот во ноември минатата година, а соработката ја објави постирајќи „тизер“ фотографија на нејзиниот Инстаграм профил.

Во видеото, целиот акцент е ставен на нежното лице на Кендал, фокусирајќи се на нејзините волуменозни трепки благодарение на новата маскара на брендот. Во еден момент, таа се движи самоуверено кон камерата во целосно црна комбинација составена од кожени панталони и едноставна црна маичка без ракави.

Како што и се очекуваше, компанијата лансираше уште еден револуционерен производ, овој пат во вид на висококвалитетна маскара што вашите трепки ги прави неверојатно свилени.

Овој вид на маскара им овозможува на трепките еден сосема поинаков волумен и сјај на трепките, а во ниту еден момент не дозволува згрутчување или премногу црна боја.

Што се однесува до изборот на нивното ново заштитно лице, од компанијата уште еднаш повторија дека истиот бил и повеќе од очигледен со оглед на свежиот и млад изглед на Кендал. Уште една потврда за нивниот оправдан избор беше и фактот што по само два часа откако манекенката ја објави рекламата на нејзиниот Инстаграм профил, истата имаше повеќе од 200.000 лајкови.

„Иако обично сакам да имам многу маскара на трепките, овој производ што ги нагласува истите на еден поинаков начин без многу црна боја, за мене е совршен. Одлично е и тоа што The Little Black Primer е производ што ќе направи да изгледате убаво и гламурозно, а сепак тоа да биде без многу шминка“, изјави младата Кендал по објавувањето на рекламата.

Видеото доби огромен број на позитивни реакции на социјалните мрежи, а особено фасцинантни беа оние на мажите кои посочија дека ја обожаваат Кендал и нејзиниот природен изглед.

Како ви се допаѓа новата реклама на Есте Лаудер?

Објавено:
22 јануари 2015
Категорија: 
Убавина