Клаудија Шифер создаде блескава колекција за коса

18 јануари 2014

Германскиот супермодел Клаудија Шифер ја најави соработката со козметичкиот гигант Шварцкоф со кој подготвува неверојатна колекција за нега на косата под името Essence Ultime.

Колекцијата ќе се состои од нежни производи за косата како шампони, балсами, маски и бои за коса, а самата Клаудија ќе биде заштитно лице на колекцијата.

Според Клаудија, грижата за косата е нешто најважно кога станува збор за негата кај жената. Како што таа вели, секоја една жена треба постојано да се грижи косата да и биде средена, сјајна и со одлична боја што и прилега.

Прекрасната манекенка се надева дека производите од нејзината колекција ќе бидат одлично прифатени кај жените, со оглед на тоа што истите ќе им овозможат коса како на светските топ модели.

Она што нас особено не радува е фактот што сите производи од колекцијата ќе се продаваат по сосема достапни цени, како што соопштија од брендот.

Објавено:
18 јануари 2014
Категорија: 
Убавина