Кои беа најпопуларните и најкоментираните моменти за убавина во 2021?

27 декември 2021

Изминатава година имаше неколку впечатливи моменти кога е убавината во прашање кои предизвикаа бројни коментари и реакции.

Во продолжение се потсетуваме на нив:

Хелен Мирен, Џоди Фостер и Енди Мекдауел 

Овие три врвни актерки на годинашното издание на филмскиот фестивал во Венеција на црвениот килим се појавија во природно издание, со минимална шминка и седи влакна. Овој нивен изглед и одлуката да се појават такви на ваков престижен настан беше дочекан со аплаузи од јавноста и беше една од темите за кои најмногу се зборуваше..

Седата коса на Сара Џесика Паркер

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Serli Can (@serlixfashion)

И кога сме кај седата коса, не може да не се споменеи Сара Џесика Паркер и нејзините фотографии без шминка и со седа коса поради кои јавноста беше поделена. Додека едни беа против ваквиот изглед, посочувајќи дека изгледа несредено и старо, други коментира дека и актерката е само жена која очигледно сака достоинствено да старее.

Промената на фризурата на Били Ајлиш

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

Кога „Вог“ ја презентираше насловната страна за јуни годинава никој не очекуваше таква драстична трансформација на Били Ајлиш. Музичарката која беше препознатлива по црно-зелената коса и широка облека, се појави како секси и провокативна блондинка и предизвика медиумска бура.

Џеј Ло и маслиновото масло

Џенифер Лопез лансираше своја колекција на производи за убавина на база на маслиново масло. И тоа немаше да биде ништо ново или посебно доколку пејачката не тврдеше дека не користи ништо друго освен маслиново масло и дека тоа е тајната на нејзиниот младолик изглед. Судејќи по коментарите на социјалните мрежи, многумина не ѝ поверуваа, па таа стана предмет на многу шеги.

Моливот за очи на Меган Маркл

Интервјуто на Меган Маркл и принцот Хари кај Опра Винфри веројатно е едно од оние што ја одбележаа 2021 година. Сепак, освен кажаните работи таму, а ги имаше доста, кога е индустријата за убавина во прашање, најмногу внимание предизвикала шминката на Маркл, поточно нејзиниот молив за очи. Таа била инспирација да започне побарувачка по овој производ од декоративната козметика и да се имитира нејзиниот изглед.

Koсата и шминката на Ања Тејлор

Ѕвездата од новата генерација ги освои фановите не само со изгледот од серијата „Дамски гамбит“, туку и во приватниот живот. Каде и да се појавеше годинава, изгледаше совршено, со фокус на долгата руса коса и најчесто интензивен кармин.

 

Враќањето на фризурата на Рејчел

Повторното собирање на „Пријателите“ предизвика враќање и на популарната „Рејчел“ фризура. Очигледно, некои нешта се сепак безвременски.

 

Тушот за очи на Адел

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Adele (@adele)

 

Со објавувањето на новиот албум, Адел повторно го актуализираше начинот на кој се шминка, односно нејзините „мачкести“ очи - изглед кој се постигнува со помош на ајлајнер. Всушност, ниту таа не знае совршено да го направи тоа, но затоа има профи тим кој го прави тоа за неа и е инспирација за многу други.

 

Објавено:
27 декември 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.324 пати