Промената и одржувањето на бојата на косата како што стареете е мошне важен процес, кај секоја жена која сака да го задржи младешкиот изглед. Русокоса, бринета, црвенокоса или коса со сив сјај, еве што препорачуваат стилистите и експертите.
Кога станува збор за бојата на косата кај жените над 50 години, треба во старт да ви биде јасно дека црвената нијанса не доаѓа в предвид, освен ако тоа не е вашата природна боја. Црвениот тон на коса, ќе го истакне вашето лице, а со тоа и вашите брчки, а ќе ве направи и премногу впечатлива. Најдобро решение за сите оние кои сакаат да го задржат црвениот сјај е да го „омекнат“, односно да преминат во медово-руса варијанта.
Најдобрите русокоси нијанси за жени над 50 години
Кога сте во потрага за совршена нијанса на руса боја на коса, прво треба да се запознаете со најлошите русокоси тонови. Пепеласто-руса и окер-руса се дефинитивно најлоши нијанси, кои ќе создадат мошне непријатен изглед. Исклучок прават природно русокосите кај кои појавата на сиви прамени не е толку лоша варијанта, а зависно од вашиот тен може да биде совршен избор кои прилега и на годините. Најдобар ефект за да имате убава русокоса нијанса е на вашата руса боја да додадете посветли руси прамени, кои ќе ве подмладат и ќе направат да изгледате модерно и во тренд. Други руси нијанси кои совршено би се вклопиле и со вашата возраст и со стилот се шампањ-руса боја и медово-русиот тон. Исто така да напоменеме дека русата коса си бара и посебна нега, особено во поодминати години, па стилистите препорачуваат редовна употреба на заштитни средства како би ја одржале живоста и еластичноста на влакното.
Најдобрите темни нијанси за жени над 50 години
Премногу темната коса не одговара на жени кои ја преминале 50 година од својот живот. Според експертите она што треба да се направи е косата да се осветли со вметнување на неколку посветли прамени на веќе постоечката нијанса или да се одбере боја во светло кафен тон кој не само што ќе ве подмлади, туку и ќе ви го освежи целиот изглед. Кафените тонови во боја на костен, јавор и чоколада се совршен избор, но и кафено сивата нијанса се покажа како одлично решение за боја на коса после 50 години. Исто така како добар пример се покажа и третманот со употреба на семи-колор боја на коса кој после неколку миења паѓа, ама сепак е одличен начин малку да експериментирате и наградите со нешто ново и поинакво. Па, ако ги надминавте 50 години не значи дека не треба да ги следите модните трендови.
Најдобрите сиви нијанси за жени над 50 години
Само затоа што сте го прифатиле сивиот изглед на вашата коса, тоа не значи дека не треба да обрнувате внимание на бојата. Природните нијанси не секогаш се најдобар избор за жените над 50 години. На некои навистина им прилега, но има и такви на кои воопшто не им стои. За да имате кул сива боја, експертите советуваат да додадете по некој сребрено сив прамен низ вашата коса, за да ги неутрализирате жолтите нијанси и да и дадете сјај на вашата коса. За да ја одржите сјајноста и здравоста на косата користете козметички препарати кои не само што ќе ја блеснат вашата коса, туку и вас ќе ве направат поубава.