Кој тип на коса колку често треба да се мие?

5 ноември 2019

Секоја жена посакува убава и негува коса. За здравјето на влакното потребно е да се користат соодветни препарати, но и да се мие редовно косата.

Но, редовното миење за различен тип коса, има различен распоред. Во продолжение прочитајте колку пати неделно е идеално да ја миете косата:

 

Нормална коса

-Ако имаш ваков тип на коса, тогаш можеш да ја миеш секојдневно, но и не мораш. Доколу си во брзање, можеш да ја освежиш со сув шампон, нема да влијае лошо на твојата фризура. Понекогаш косата може да ја миете и само со чиста вода, без шампон, за природното масло на влакното да се обнови.

 

Сува коса

Секојдневното миење на косата би ја уништило твојата коса и повеќе од потребното, би ја направило уште покршлива. Затоа, ако имаш сува коса, идеално е да ја миеш два до три пати неделно и тоа со благ шампон. Регенератор е пожелно да се користи, но само оној за твојот тип коса - значи оштетена и сува. Еднаш неделно користете и маска, за да го подобрите здравјето на косата.

 

Масна коса

Можеби ќе ви звучи нелогично, но за овој тип на коса треба да се избегнува премногу честото миење, затоа што ќе ги стимулира лојните жлезди. Затоа пробајте вака: Немојте да ја миете косата со шампон недела дена, за жлездите да се одморат. Секако, ова правете го додека сте на одмор, или тие денови собирајте ја косата. А потоа мијте ја до два пати во неделата.

 

Виткана коса

Поради својата структура, овој тип на коса најчесто е сув и подолго време изгледа свежо. Но, бара посебна нега. Еднаш неделно е доволно да ја миете косата и тоа со шампон што хидрира. Маслото за коса помага за подобро да ја расчешлате, па добро е да го користите.

 

 

Објавено:
5 ноември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.667 пати
Тагови: 
коса убавина