Која е најпребаруваната фризура на Интернет?

20 јули 2021

Кога се во прашање најпребаруваните работи на Интернет, една фризура успеа да ги победи и „Пријатели“, Џенифер Лопез и Бен Афлек, „Сексот и градот“... 

Како пренесува „Cosmetify“, фризурата „shag“, односно во народот позната како „фудбалерка“ е најпребаруваната фризура на светот и воопшто, најпребаруваниот поим.

Нејзината популарност започна минатата година, а изгледа оваа ја доживува својата кулминација. Податоците велат дека повеќе од 15.5 милиони луѓе минатата година ја пребарувале на интернет, што е за дури 142% повеќе во однос на минатата година.

И покрај ваквите бројки, ова е фризура која или ја сакате или воопшто не можете да ја смислите. Една од дамите кои ја популаризираа е Мајли Сајрус, а потоа ѝ се придружија и Деби Рајан, Мејси Вилијамс, Халси, Ријана, Били Ајлиш...

Овој тренд од осумдесетите сосема издоминира во 2021, а има и своја „посуптилна“ варијанта наречена Shullet. 

 

Би се осмелиле ли да ја носите?

 

Објавено:
20 јули 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.213 пати