Која е најубавата жена на светот според формула?

15 октомври 2019

Старите Грци, имале точна формула за совршената убавина.Така, според нивната теорија со грчкиот златен сооднос на убавина „Фи" до неодамна совршено убава беше актерката Амбер Херд. 

Сега пак, ситуацијата е малку поинаква. Нејзиното место го зазема моделот Бела Хадид.

Еден од најдобрите естетски хирурзи, Џулијан де Силва, кој го води „Центарот за напредна фацијална козметика и пластична хирургија во Лондон“ го потврдил ова користејќи ги најсовремените техники на мапирање на лицата.

„На Бела Хадид ѝ недостасуваат само 0.3 %  од совршениот облик. Но, кога е позицијата на очите во прашање, е на второто место, зад Скарлет Јохансон. Бијонсе се котира високо благодарение на нејзините очи, усни и веѓи.

Лицето на моделката е симетрично дури 94.35%. Нејзините очи, веѓи, нос, усни, јаболчници и обликот на лицето биле измерени и се најблиску до античкото совршенство за убавина.

На второто место е Бијонсе со 92.44%, додека споменатата Амбер Херд со 91.85 проценти е на третото.

Списокот продолжува со Аријана Гранде (91.81%), Кејт Мос (91.05%).

Десетото место ѝ припадна на Кара Делевињ со 89.99 проценти.

Погледнете ги комплетните табели и фотографиите:

10 најубави жени во светот:

1: Бела Хадид - 94.35%

2: Бијонсе - 92.44%

 

3: Амбер Херд - 91.85 %

 

4: Аријана Гранде - 91.81%

 

5: Тејлор Свифт - 91.64%

 

6: Кејт Мос - 91.05%

 

7: Скарлет Јохансон - 90.91%

 

8: Натали Портман - 90.51%

 

9: Кејти Пери - 90.08%

 

10: Кара Делевињ - 89.99%

 

Жени со најубави (најсиметрични) делови од лицето:

Нос - Амбер Херд 99.7%

Очи - Скарлет Јохансон 99.9%

Усни - Кара Делевињ 98.5%

Веѓи - Кара Делевињ 94%

Брада - Бела Хадид 99.7%

Чело - Кејт Мос 98.8%

Облик на лице - Бијонсе 99.6%

Објавено:
15 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.576 пати