Која шминка ни додава 10 години повеќе?

24 март 2021

Во потрага по совети за природна шминка која ќе одземе која година, наидовме на совети од визажисти кои можат да бидат корисни за секоја жена, но посебно за оние над 40.

Како велат стручните лица, жените прават неколку клучни грешки со кои си додаваат десет години повеќе на лицето.

Една од најчестите е прескокнување на прајмерот.

Доколку никогаш не го прескокнувате нанесувањето на подлога (прајмер) за лице, но не го ставате и на капаците за очи, тогаш баш и не сте си направиле услуга. Капаците треба подеднакво да се подготват за шминка како и остатокот од лицето.

Исто така, важно е да пронајдете ултрахидратантен прајмер за очи.

Во спротивно, шминката на очите, посебно сенката ќе се „собира“ и ќе бледее и дополнително ќе ви ги нагласи сите брчки околу очите што ги имате. Па, посакувајќи да имате природен, свеж и младолик изглед, ќе го добиете токму спротивното. 

Втората грешка е претерувањето со сенката и моливот за очи.

Ако целта е да изгледате помладо, најдобро шминката за очи да биде минимална.  Густите линии со црниот молив за очи ќе ви овозможи токму спротивен ефект. Затоа, одберете посуптилни нијанси на ајлајнер - сива или смеѓата се далеку подобар избор. 

Важно е внимателно да ја одберете и сенката. Наместо да нанесувате многу боја, која дефинитивно ќе се „собере во капаците“, нанесете сенка одејќи со четкичката кон горе, што може да направи илузија на затегната кожа.

 

Објавено:
24 март 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.682 пати