Колку е битна насмевката: Трансформации кај славните по посета на стоматолог!

14 септември 2020

Комплетната грижа за себе не подразбира само посета на козметичар или фризер, туку секогаш како приоритет треба да ја вклучува и грижата за оралното здравје.

Насмевката значи и здравје и естетика, а во голем број случаи забите може целосно да го променат изгледот.

Секој е индивидуален случај, па кај некого добрата генетика обезбедила бисерно бели заби што бара само базично одржување, додека кај други за да се постигне таквиот ефект потребни се сериозни интервенции кои на крајот од денот навистина вредат.

За јавните личности е од исклучително значење убавата насмевка што има влијане дури и на прогресот на кариерата, па затоа ретко кога во Холивуд ќе видите успешни актери со лоши заби.

Како илустрација, ќе посочиме неколку примери со славни личности кај кои трансформацијата по корекција на забите е драстична. Меѓу нив се и Деми Мур, Селин Дион, Мајли Сајрус, Викторија Бекам итн.

 

 

Објавено:
14 септември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
777 пати