Колку треба да пиете вода за полесно да намалите килограми?

25 април 2019

Пролетта е време кога и поинтензивно почнуваме да внимаваме на линијата, на тоа како изгледаме и како се храниме.

Тогаш на сцена настапуваат вежби, но и диети. Сепак, без разлика дали ги комбинирате двете или само едното, внесот на течности, поточно вода е од исклучителна важност.

Доколку сакате да ги намалите килограмите полесно и поефикасно, внесувајте многу вода. Но, и тоа многу треба да знаете колку е.

Во продолжение ќе погледнете листа на која пишува колку вода треба да испиете според тежината. Ова може да го откриете и на апликациите за пиење вода.

Еве колку вода треба дневно да внесете за да ја намалите тежината полесно, а врз основа на тоа колку килограми тежите:

60 килограми - 2 литри вода (5 - 6 пати во денот по 350 милилитри)

65 килограми - 2.1 литри вода (околу 6 чаши од по 350 милилитри)

70 килограми - 2.3 литри вода (околу 6 чаши од по 350 милилитри)

75 килограми - 2.5 литри вода (околу 7 чаши од 350 милилитри)

80 килограми - 2.6 литри вода (околу 7 пати дневно по 350 милилитри вода)

85 килограми - 2.8 литри вода (околу 8 пати по 350 милилитри)

90 килограми - 3 литри вода (околу 8 чаши по 350 милилитри)

95 килограми - 3.2 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)

100 килограми - 3.3 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)

105 килограми - 3.4 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)

110 килограми - 3.6 литри вода (околу 9 пати по 350 милилитри)

115 килограми - 3.7 литри вода (10 до 11 пати по 350 милилитри)

За полесно и поефикасно внесување вода во организмот, прочитајте ги и следниве совети:

-Пред секој оброк испијте две чаши вода од 250 милилитри. Ако јадете три пати дневно, на тој начин ќе внесете 1.5 литри вода.

-Наутро штом ќе се разбудите и навечер пред спиење, испијте две големи чаши вода и на тој начин ќе внесете исто така до 1 литро вода.

Објавено:
25 април 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
7.347 пати