Компанијата Lush ги ослободи вработените за да протестираат за климатските промени

4 октомври 2019

Од 20 – ти до 27 - ми септември беше одржан глобален протест за подигање на свеста за климатските промени и повикување на властите итно да превземат мерки. 

Скопје исто така беше дел од ова масовно движење, а Lush како компанија постојано ги подржува акциите за заштита на животната средина. 

Сите вработени на компанијата се придружија кон маршот, а дента не работеше ниту едно продажно место на Lush. 

„Како бизнис со длабоки корени во активизмот во животната средина, давањето на нашите илјадници вработени време да излезе таму и да бара храбро дејствување е неверојатно“, велат од Lush. 

Марк Волвертон, претседател и извршен директор на Lush посочи дека сите ја делиме оваа Планета, па токму поради тоа потребно е сите да се здружиме и да го пуштиме алармот до нашите политичари дека климатските промени повеќе не се опција. 

„Климатската криза нема да чека, а нема да чекаме и ние“, вели тој.

Во овој контекст, нашите пријатели од Lush овој петок подаруваат сет прекрасни производи без амбалажа. За тоа како да го добиете истиот, посетете ја нашата фан страна. 

-Dear John (цврст шампон за коса)

-Производ за масажа на лице (во цврста форма)

-Производ за чистење лице (цврста форма)

Објавено:
4 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
594 пати