Kозметичката линија на Палермо за Ciate е уметничко дело

12 август 2015

Една од најобожаваните стилски икони на денешницата, со армија следбеници и со своја модна империја, Оливија Палермо, ја лансираше нејзината долгоочекувана линија производи за козметичкиот бренд Ciate London.

Беше само прашање на време кога оваа нејзина амбиција ќе биде реализирана, со оглед на фактот дека таа е и гостин-креативен директор во истата компанија.

Козметичката линија е наменета за претстојната сезона, есен-зима 2015 и содржи 11 производи меѓу кои и: сенки за очи, моливче за очи, кармин, бронзер, руменило и лакови за нокти.
Во ексклузивното интервју за магазинот Харперс Базар, Палермо ја раскажува креативната визија што ја имала при создавањето на козметичките прозиводи.

„Сакав да создадам колекција која ќе одговара на сечиј тип на кожа и која ќе биде нослива и за преку ден и за навечер. И се држев до една неутрална палета на бои. За лаковите за нокти, се инспирирав од убавите есенски бои во Англија... Исто така многу внимавав и на деталите на пакувањата. Не сакав тоа да биде само едно обично пакување кое откако ќе го отворите, ќе го фрлите во ѓубре", објаснува ИТ девојката во интервјуто за магазинот.

Колекцијата ќе биде достапна во продажба од 14-ти август.

 

Објавено:
12 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
464 пати