Кралицата Летиција е обожавател на најактуелниот тренд за коса

27 април 2021

Шпанската кралица Летиција е олицетворение на стил, отменост, елеганција. Нејзините модни комбинации се секогаш комплетно соодветни со фигурата, титулата, настанот, ситуацијата. 

Воедно, таа е љубител на трендовите и често знае да комбинира некое скапо парче облека со детали од high street брендови.

По повод денот на книгата, кралицата заедно со нејзиниот сопруг кралот Фелипе, го посетија институтот Сервантес, а Летиција уште еднаш покажа исклучителна елеганција. 

Се појави во плетен тегет фустан со должина преку колената и врзување околу струкот, модел кој одлично ја прикажа нејзината витка фигура, без да делува ни секунда вулгарно. 

Сандалите на нејзините стапала имаа иста боја како фустанот, а комбинацијата беше освежена со бело палто.

Она што најмнпгу привлече внимание кај кралицата, веројатно беше нејзината убаво исфенирана долга костенлива коса, сега веќе проткаена со сребрени влакна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ModernRoyalEra (@modernroyalera)

Кралицата изгледа е фан на карантинскиот тренд на небојадисување на косата, кој започна како неопходност, а сега прерасна во целосно ослободување. Се надеваме дека и таа, како и многу други познат и дами, целосно ќе ја прифати својата седа коса, па со фризурата и мејкапот ќе го извлече најдоброто од неа. Засега, одлично и' стои,

  

Објавено:
27 април 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.735 пати