Краставица околу очи - дали навистина има ефект?

6 април 2022

Колку пати на фотографија или во серии, филмови сме виделе жена во бањарка и крпа на глава, со кругчиња од краставици преку очите и некоја крема? Сцена која асоцира на опуштање и нега.

Но зошто токму краставицата?

Во Индија уште од дамнина краставицата се користела во традиционалната медицина. Се верува дека оттаму се проширила по целиот свет, каде се здобива со репутација на мошне благотворен зеленчук.

Кога се очите и очната регија во прашање, дерматолозите потврдуваат дека краставицата навистина дава резултати.

Иако денес на пазарот има илјадници производи за нега околу очите, не е лошо понекогаш да се свртиме и кон старите, традиционални трикови.

Краставицата содржи антиоксидативни својства, како и својства на чистење кои помагаат при елеминирање на токсините од кожата. Богата е со вода, па придонесува за длабока хидратација и смирување на кожата.

Исто така, краставицата содржи и витамин Ц, фолна киселина и витамин К, а оваа комбинација е одлична во намалувањето на подочниците и црвенилото.

Ова е доволна причина да се продолжи со оваа рутина за нега, која да бидеме искрени не чини многу, а ни прави добро.

Дополнителен совет за одморен изглед - краставицата чувајте ја во замрзнувач преку ноќ, па следниот ден, после будењето нанесете две крукчиња на око. Студенилото ќе предизвикува стеснување на површинските капилари и активно ќе делува на отеченоста од спиењето.

Исто така, одличен трик со кој можете да се послужите и после бурна ноќ и во моментите кога ви е потребно да изгледате свежо и одморно.

 

Објавено:
6 април 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
528 пати