Како да ја одберете вистинската кратка фризура, согласно формата на вашето лице и стил? Не зборуваме за склучително кратка, туку за некоја средна должина на коса која жените ја обожуваат. Зошто? Бидејќи е доволно долга за да можете да направите нешто со неа и доволно кратка за да не ве нервира. Одговара на секоја возраст - од 7 до 77, безвременска е и лесна за одржување. Ако додадете и шишки, ќе ја имате најбараната фризура во моментов.
Имајќи го тоа на ум, 2-3 центиметри нагоре или надолу може да направат огромна разлика, а ова се неколку нешта кои треба да ги земете предвид при изборот на фризура: формата на лкцето, текстурата на косата па и висината.
АКО ИМАТЕ КРУЖНА ФОРМА НА ЛИЦЕТО
Долгиот боб без шишки и со патец во средина е совршен избор за округло лице. Погрижете се врвовите да се здрави и рамни. Уште подобра варијанта е ако се одлучите за пократок заден дел.
Ако ја земеме и висината предвид, фризурата која го открива вратот визуелно издолжува, па ова може да е совршена опција за кружното лице.
АКО ИМАТЕ КВАДРАТНА ФОРМА НА ЛИЦЕТО
Една опција е да се одлучите за патец на страна и брановидна фризура. Втората опција екратката фризура со должина до брадата и патец на средина.
АКО ИМАТЕ ДОЛГНАВЕСТО ЛИЦЕ
За да додадете волумен на ваквиот тип лице, одлучете се за брановидна коса со волумент на странкте и помалку заоблени краеви. Втората опција е миди фризура со шишки, кои ќе ја балансираат вертикалноста на ликот.
АКО ИМАТЕ ОВАЛНА ФОРМА НА ЛИЦЕ
Овалната форма на лице е најприлагодлива па скоро сите фризури добро стојат на ваков лик. Сепак, професионалците препорачуваат кратка и рамна опција.
ШТО ДА ПРАВИТЕ АКО ИМАТЕ КАДРАВА КОСА?
Советите за избор на фризура зависно од типот на лице важат и за оние дами со виткана коса. Она што го препорачуваат професионалците е стрижење на косата додека е сува, за да се види подобро како ќе се однесуваат кадриците.