Креативни модели за нови сончеви авантури

24 јуни 2013

 

Инспирирани од сончевите авантури, морската шир и патувањата, калифорниската оптика Raen за пролет-лето 2013 ви ги претставува своите модели на очила за сонце идеални за жени и мажи кои се во потрага по нови предизвици. Заедничките елементи, освен беспрекорната соработка на Poler и Raen, е острото око за дизајн, сензибилитет и авантура. Затоа тие уште еднаш ги здружија силите и направија очила за сонце кои нудат максимална удобност и заштита, пленат со визуелн изглед и уникатност.

 

Pogue_Seaglass_1

 

Не е важно дали сте љубител на тркалезните, мачкастите или коцкестите рамки, овие очила одговараат на сечиј стил и за секоја пригода. Можете да избирате од новите креативни модели на очила кои промовираат 3 принта: Aloha, Nomad и Kaleidoscope.

 

 

Наменет за сите кои се водени од нескротливата желба за откривање на нови места Aloha принтот нема да ве изневери, тој е како створен за сите оние со немирен дух. Ништо помалку возбудлив од претходниот, очилата со Nomad принт и се наклонети на индијанската култура и традиција, додека Kaleidoscope, создава необични визии на класичното со модерното. Raen се рачно изработени, од најквалитетни материјали и подготвени се да станат вашиот нов најдобар пријател.

 

 

Погледнете ја галеријата и одберете го вашиот заштитник:

 

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Убавина