Кревет после ручек? Науката ја оправда попладневната дремка

26 април 2021

Многумина го обожуваат попладневното спиење. Така сметаат дека се надополнуваат изгубените мигови сон, кои се жртвуваат поради раното станување. И додека лекарите не' советуваа дека е подобро да спиеме 8 часа во текот на ноќта, попладневната дремка си висеше некаде во сива зона. Некои велат дека е неопходна, други пак дека е бескорисна.

Неодамна во списанието „General Psichiatry“ беше објавено истражување кое открива дека редовниот попладневен сон, може да ги подобри менталните способности на мозокот. Во истражувањето учествувале 2.214 испитаници на возраст до 60 години. 1.534 од нив спиеле попладне, а 680 не.

На сите испитаници биле спроведени лекарски прегледи и прегледи за менталното здравје, когнитивна сила, визуелно-просторни вежби, мемориски вежби, внимание, вештини на решавање проблеми, вербални способности.

Резултатите покажале дека оние кои имале попладневен сон, покажале подобри резултати.

Објавено:
26 април 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
209 пати