Лакови за нокти за најмалите

19 јули 2013

Лакираните нокти станаа заштитен знак на малите принцези во Холивуд. Децата на познатите ѕвезди не сакаат да бидат покусо од своите славни мајки кои редовно ги посетуваат козметичките студија. Инспирирани токму од оваа манија на малите дечиња, браќата Дин и Ден од модното дуо DSquared2 ја лансираа својата прва колекција за деца Junior и меѓу другото претставија детски лакови.

 

 

Лаковите се потпишани од познатиот бренд Морган Тејлор под креативно водство на Антонио Сакрипанте, кој смесата и состојките на  производите ги приспособи на потребите на најмалите и се продаваат во четири бои: виолетова, црвена, зелена и розова.

 

 

Сури Круз, ќерката на Том Круз и Кејти Холмс, се лакира од својата втора година. Онор Мари Врен, ќеркичката на Џесика Алба, на свои три години веќе стана редовна клиентка во салоните за маникир. Истото се однесува и близначките на Сара Џесика Паркер кои често ги гледаме со лакирани нокти.

 

 

Кампањата промовира весели насмеани детски лица кои наликуваат на мали госпоѓици, јадат карамели, бонбончиња, си играат и позираат со своите лакирани нокти. Едноставно уживаат во својот безгрижен розов свет.

 

 

Објавено:
19 јули 2013
Категорија: 
Убавина