Лажниот боб огромен хит и оваа сезона

23 септември 2015

Веројатно досега многупати сте ги забележале познатите личности кои од ден во ден ги менуваат фризурите, па така еден ден носат шишки, а веќе следниот ден залижана боб фризура.

На годинешното издание на Еми наградите, холивудските дами меѓу кои и Кери Вашингтон, Клер Дејнс, Џесика Честејн и уште неколку, други нѐ потсетија на холивудскиот гламур одбирајќи „лажни“ боб фризури.

Доколку се решите за ваква фризура веќе за следната свечена манифестација, погрижете се истата да не биде премногу долга за да не го изгубите ефектот, но и не премногу кратка за да не може да го држи остатокот од косата.

„Ако имате многу тенка коса, долниот дел можете да го сплетете во плетенка, а останатиот дел да го оставите лабаво да падне врз истата. Ако косата ви е цврста и здрава, само подвиткајте го долниот дел и соберете го остатокот од косата во истиот. Вистински хит сезонава се брановите во косата, па слободно одлучете се предниот дел да го направите токму таков“, вели Мет Фугејт, стилист за коса на познатите актерки.

Сосема на крајот, задолжително испрскајте ја целата коса со лак за лагата да не се појави на виделина! 

Објавено:
23 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.573 пати