Линда Евангелиста е заштитно лице за лифтинг пудра на Долче и Габана

2 септември 2014

Канадскиот супермодел Линда Евангелиста која е пред четвртата деценија од животот, стана новото заштитно лице за новата корективна козметика на италијанската модна куќа Долче и Габана. Станува збор за пудра која од своите својства создава лифтинг ефект.

 

Не случајно модното дуо се одлучи за главна протагонистка да ја ангажира легендарната Евангелиста, чија убавина е доказ дека годините не и можат ништо на природната убавина. Од кампањата шармантната манекенка се појавува со минималистичка шминка и кратка зачешлана коса наназад.  Рекламната кампања е ѕвездена во сите погледи, бидејќи е фотографирана од познатите Мерт Жал и Маркус Пигот, додека како стилист од истата се потпишува Табита Симонс, a како одговорен на шминката стои името на Стефани Маре.

Објавено:
2 септември 2014
Категорија: 
Убавина