Листа на топ 10 производи за здрава кожа и блескава коса

29 август 2013

За да имате вистински нежна и здрава кожа, како и убава коса, не треба постојано да посетувате скапи козметички салони, туку треба да знаете кои се тајните продукти со чие конзумирање ќе го добиете саканиот ефект без да трошите на скапи луксузни третмани.

 

 

Боровинки

Половина чаша боровинки додадени во вашиот јогурт или порција житарици секој ден ќе создаде антиоксиданси кои го спречуваат предвременото стареење.

 

 

Див лосос

Без разлика дали го јадете печен на скара, во салата или со суши важно е да знаете дека дивиот лосос е број еден ако сакате да имате здрава кожа. Тој е голем извор на омега-3 киселини кои ќе ја задржи еластичноста на вашата кожа, а богат е и со селен и со витамин Д, кој е од суштинско значење за одржување на видот.

 

 

Спанаќ

Спанаќот е богат со лутеин кој е одличен за очите, витамини Б,Ц и Е, омега-3 масни киселини, минерали и железо која е фундаментално за формирање на бели крвни зрнца.

 

 

Остриги

Освен што се одличен афродизијак, остригите имаат голем удел во одржувањето на здравата кожа и коса. Богати се со цинк, кој и помага на кожата во обновување на клетките и го штити здравјето на вашите нокти, коса и очи.

 

 

Домати

Најдобар извор на ликопен кој е моќен антиоксиданс кој го забавува стареењето. Обработени домати содржат и повисоко ниво на ликопен, па слободно можете да ги користите конзервирани во вид на сос или кечап.

 


Ореви

Грст ореви може да ја надополни вашата дневна доза на омега-3 масни киселини и витамин Е, што е идеална комбинација на одржување на здрава кожа и коса.

 

 

Киви

Кивито содржи витамин Ц и антиоксиданси, кои се задолжени за цврстината на кожата, а штитат и од рак и срцеви заболувања.

 

 

Црно чоколадо

Црната чоколада е направена од 60 % какао и многу е здрава. Ја штити вашата кожа и коса од сонцето и го одржува нивното ph ниво.

 

 

Јогурт

Една чаша ниско масен јогурт во комбинација со овошје или житарки за појадок секој ден е одлична закуска која ви ја овозможува вашата дневна доза на калциум и е од суштинско значење за вашите нокти и заби.

 

 

Сладок компир

Во пире, варен или пржен нема врска, слаткиот компир е богат со бета-каротен, кој го забавува процесот на стареење, а влијае и на пигментацијата на кожата.

Вклучете ги овие чудесни продукти во вашата секојдневна исхрана и ќе ги забележите одличните резултати , а тоа се блескав тен здрава кожа и сјајна коса.

 

Објавено:
29 август 2013
Категорија: 
Убавина