Лореал ги облече своите ѕвезди во розово

7 септември 2015

Познатиот француски козметички бренд Лореал исклучително внимание посветува на своите рекламни кампањи, и честопати во „еден кадар" успева да ги собере најактуелните ѕвезди во шоу бизнисот.

Новата кампања е обоена во розово, со исклучок на единствениот џентлмен помеѓу сите дами, Џон Леџенд облечен во класично одело. Дамите кои му прават друштво облечени во елегантни фустани во розови нијанси се: Блејк Лајвли, Доуцен Кроз, Ева Лонгорија, Фан Бингбинг, Џулијан Мур, Карли Клос, Наоми Вотс и Лејла Бекти.

Кампањата е посветена на линијата Color Riche која вклучува кармини во повеќе нијанси на розово.

Објавено:
7 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.269 пати